Во текот на денешниот ден кандидатот за градоначалник на Кочани Љупчо Папазов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Обнова за Македонија” имаше повеќе предизборни теренски активности со директни средби со граѓаните на Кочани.
Покрај големиот број на индивидуални средби на кандидатот за градоначалник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ тој денеска реализираше и два мини митинзи.
Првиот настан се реализираше во населбата Трајаново трло-диви градби, (Широкото) каде што Љупчо Папазов ги изнесе пред присутните својата визија и планови за развој на населбата и Кочани во наредниот 4 годишен мандат откако ќе ја добие довербата на кочанчани.
Тој со присутните на овие настани имаше можност за директна лична комуникација со што му беа предочени потребите на самите граѓани и проблемите со кои се соочуваат во изминатиот период.


