Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со појава на грмежи и врнежи од дожд, гласи прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.
Се очекуваат поројни врнежи од дожд и грмежи, а локално во форма на невреме со пообилни врнежи, засилен ветер и појава на град.- Известуваат од УХМР.
Утринската температура ќе се движи од 7 до 15 степени Целзиусови, а максималната дневна температура ќе се движи од 15 до 26 степени.