Денешната Задушница (една недела пред Прочка) секогаш се паѓа во сабота. За овој ден постои легенда за некое сиромашно дете што гледајќи како богатите носат секој ден на фурната сукани јадења, побарало од мајка му да му меси баничка. Мајка му, бидејќи немала брашно, постојано го лажела дека следниот ден ќе му меси, а детето чекајќи плачело и умрело. Во спомен на тој ден и детето, на овој ден се меси баничка, зелник или друга храна и се раздава.Во разни краеви низ Македонија оваа задушница различно се нарекува, некаде ја викаат (умрело дете за баничка), некаде (умрело дете за кора).