Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев заедно со други свои соработници од партијата, денеска (недела, 24.11.2019 година), после пладне со почеток во 13.00 часот во Пехчево на градскиот плоштад ќе одржи средба со граѓани.
Оваа активност на директни средби со граѓаните е во рамките на кампањата за “Обнова на Македонија” која што опозициската партија ја спроведува во секое населено место во државата, а на која граѓаните можат да ги истакнат своите идеи, визии но и потреби и проблеми со кои се соочуваат во секојдневниот живот.
Приклучете се на Разговорите за обнова на Македонија со вашите идеи и предлози.
Ќе разговараме за сите проблеми и ќе креираме решенија.
Пехчево, градски плоштад
24.11.2019 година
13:00 часот
-стои во краткото партиско соопштение за овој настан.


