По 24 ти пат ќе се одржи Фестивалот на детски забавни песни „Јаболчиња“ во центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово. Ќе се изведат 16 песни испеани за различни теми : семејството, љубовта, татковината.
Децата кои ќе се претстават на Фестивалот се на возраст од 5 до 11 години. Ќе има изведби и кореографии од различен тип , некои ќе пеат сами, некои во дует или во група.
Подготовките се започнати уште од месец ноември. Текстовите на песните се изработени од Слободанка Ничевска и Маја Пероска додека композитори се Гоце Симоновски, Лазар Цветковски и Никола Димовски-Тмница.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и општина Тетово.