• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Став

ДИМИТАР АПАСИЕВ – Зошто Уставниот суд ќе мора да го поништи т.н. „закон за јазици“

февруари 23rd, 2019 Македонија, Став коментари 902

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Димитар Апасиев , професор по право и член на Левица , направи комплетна анализа за „Република“, каде со аргументи и правни рамки , објаснува за Законот за употреба на јазиците , неговото насилно донесување на сила како и за негово поништување.

“ Останува да видиме дали овој состав на Судот, кој дефинитивно е кадровски и професионално најслаб во досегашната наша државно-правна историја по осамостојувањето, ќе смогне сили за конечно да го пресече Гордиевиот јазол околу вака шверцуваната двојазичност. Таканаречениот Указ за прогласување на Законот за употреба на јазиците бр. 08–263/1 од 14 март 2018 (Сл. весник на РМ – 7/19), во комплет сосе целиот нормативен текст на „законот“, е објавен во Службен весник на РМ бр. 7/2019. За прв пат во нашата државно-правна историја, на местото на претседателскиот потпис стои фуснота!? Во продолжение следува стручна експликација на формално-правните причини и уставнитe прекршувања поради кои Уставниот суд на РМ треба целосно да го поништи, со ретроактивно дејство (ex tunc), овој т.н. Закон. „Законот“ го нема потребното квалификувано мнозинство Според чл. 95 и 98 од Уставот на РМ [Амандман XXV/2005], со императивна норма е предвиден строг правен режим за легислативно уредување на судските и управните постапки исклучиво со т.н. органски закони (ius cogens). Овие закони, токму поради својата важност за правниот систем, се носат со 2/3 мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Недозволиво и правно невозможно е со т.н. обичен закон – кој de iure и de facto може да се донесе со релативно или апсолутно мнозинство гласови, односно со најмалку 41 или 61 пратеник – да се уредува правна материја за чие регулирање e потребно минимум квалификувано мнозинство, односно најмалку 80 пратеници по сила на устав (ex constitutionis). Со други зборови, во јавното право ниту се видело, ниту се чуло со обичен закон да менувате системски закони! Затоа, членовите од ЗУЈ кои се однесуваат на процесното и управното право се противуставни par excellence – оти ЗУЈ, по суспензивното вето на Претседателот на Републиката, се изгласа со апсолутно мнозинство, поточно со 64 гласа ЗА – што значи недостасуваат 16 гласови до потребните 80. Пробиени се максималните рокови за објава на „Законот“ Нашиот Устав содржи когенсна норма која вели дека „законите се објавуваат во Службен весник на РМ најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување“ [чл. 52, ст.2]. Законот за објавување на законите и другите прописи во Службен весник на РМ (1999) прецизира дека: „Законите и другите прописи и акти се објавуваат по правило во првиот нареден број на Службен весник на РМ“ [чл. 6]! Ветираниот ЗУЈ, по втор пат е усвоен на 32 седница на Собранието на РМ, одржана на 14 март 2018. Оттука, максималниот уставно дозволен преклузивен рок за објава на донесениот закон истекол на 21 март 2018 – по што, ЗУЈ не може да се објави и да влезе во задолжителна правна сила, односно не може да произведе никакво обврзувачко дејство во нашиот правен поредок. Спорниот ЗУЈ недозволиво е објавен на 14 јануари 2019 година, односно после десет месеци од денот на неговото прегласување, што само по себе е правен нон-сенс и опасен преседан кој го урива начелото на правна сигурност на граѓаните. Собранието на РМ, затоа што спикерот благовремено не закажа пленарна седница за повторна дискусија и гласање на вратениот закон, падна во задоцнување бидејќи го проби максималниот триесетдневен рок во кој владејачкото мнозинство на СДСМ и ДУИ имаше деловничко и процедурално право да го преразгледа ветираниот закон од шефот на државата [чл. 173, ст.2 од Деловникот и чл. 38, ст.3 од Законот за Собрание на РМ]. Бидејќи законот првично е донесен на 11 јануари 2018, триесетдневниот рок истече на 11 февруари 2018, до кога законот мораше повторно да се усвои, но тоа не беше сторено.

Указот за прогласување на „законот“ го нема потребниот врзан потпис Указот со кој е прогласен овој контроверзен и силеџиски донесен „закон“ за прв пат во нашата уставно-правна историја го има само потписот од собранискиот спикер – м-р Талат Џафери, а не и потписот од Претседателот на Републиката, туку на негово место има ставено фуснота!? Вториот потпис е на извесен г. Неџбедин Ибраими – Заменик на Генералниот секретар на Собранието на РМ кој, неповикан од никого, тврди дека „преписот е верен на оригиналот“ [!?], со што in flagrante се руши начелото на тријалистичка поделба на власта и конститутивниот принцип на кочници и рамнотежа(check and balance) помеѓу трите власти. Инаку, указот се испраќа до ЈП Службен весник од Кабинетот на Претседателот на Републиката – како адресант – а не од кабинетот на претседателот на Собранието на РМ: „За објавување на прописите и другите акти на претседателот на Републиката се грижи службата на претседателот на РМ“ [чл. 5, ст.2]. Оттука, ако нема потпишан претседателски указ, кој е conditio sine qua non во случајов – нема ни закон! Оти законот се смета за дефинитивно донесен единствено кога Претседателот на Републиката, своерачно, ќе го потпише указот за негово прогласување (promulgatio). Тогаш и само тогаш конкретниот закон, кој претходно бил изгласан, може да биде објавен, а подоцна и да влезе во сила. Овој ноторен факт Уставниот суд на РМ, како институционален чувар на уставноста и законитоста, мора да смогне сили мериторно да го потврди, со своја конечна одлука. Уставниот суд веќе има преседан на укинување на указ без потпис од Претседателот Нашата уставно-судска пракса веќе има санкционирано еден ваков скандалозен случај во 1998 година, кога тогашниот претседател на Собранието на РМ Тито Петковски се обиде да го објави Законот за употреба на знамињата преку кои припадниците на националностите во Република Македонија го изразуваат својот идентитет и националните особености (Сл. весник на РМ – 32/97), без нужниот потпис на указот на тогашниот Претседател на Републиката – Киро Глигоров. Во овој случај, којшто веќе се изучува во учебниците по уставно право на нашите правни факултети, Уставниот суд на РМ – како нецелосен акт којшто го нема потребниот претседателски потпис – истовремено се впушти во оценување и го укина и Указот за прогласување на законот бр. 08-2308/1(8 јули 1997), третирајќи го како подзаконски правен акт. Во образложението на оваа важна Одлука У.бр. 141/1997 и У бр. 146/1997 (18.XI.1998) на тогашниот персонален состав на судот, каде што членуваа еминентни професори по право од типот на сега покојните проф. д-р Тодор Џунов и проф. д-р Милан Недков – се вели дека уставотворецот предвидел само четири таксативно наведени ситуации по принцип на затворена листа (numerus clausus) – кога собранискиот спикер може, исклучително и привремено, да го заменува Претседателот на Републиката: (1) при смрт; (2) оставка; (3) трајна спреченост да ја врши функцијата; или (4) престанок на мандатот по сила на Уставот [чл. 82, ст.1 од УРМ]! Очигледно е дека, во случајов со ЗУЈ, не е исполнет ниту еден уставен основ кога функцијата Претседател на Републиката, алтернативно, би можел да ја врши претседателот на Собранието. Парламентот нема иницирано постапка за „импичмент“ Поради уставната празнина која постои кај нас, при вакво одбивање на ставање потпис на Претседателот на Републиката и по втор пат, единствено правно средство што му стои на располагање на парламентот е да иницира т.н. постапка за импичмент на Претседателот! Тука, всушност, Претседателот ризикува да биде повикан на одговорност за кршење на уставот и законите [по чл. 87 од УРМ], но истовремено – дури и по цена да ја изгуби функцијата – етички доследно сака да ја алармира јавноста за непропорционалноста и штетноста од донесувањето на конкретниот закон. Собранискиот спикер ги пречекорил своите овластувања и сторил продолжено кривично дело Талат Џафери, покрај тоа што дрско ги фрли в ѓубре илјадниците опозициски амандмани кои мораше да бидат разгледувани, стори и цела низа други деловнички прекршувања, со цел носење на законот по скратена постапка. ЗУЈ наместо да биде разгледуван во матичните работни тела – Комисијата за политички систем, Комисијата за финансирање и буџет и Комитетот за односи меѓу заедниците – тој, без никаков основ, е разгледуван само од Комисијата за европски прашања!? Предлог-законот ниту содржи одредби со кои се врши усогласување со правото на Европската унија, ниту пак се наведени податоци за изворниот акт на ЕУ – со полн назив, број и датум, онака како што изрично бара Деловникот. Во Предлогот нема поднесено ниту изјава за усогласеност, ниту потпис на министерот и воопшто не е наведен никаков акт со кој се врши хармонизација на нашата легислатива [спротивно на чл. 135, ст. 4–5 од Деловникот на Собранието]. При ваква фактичка положба, Џафери ја занемарил својата службена должност и не му го вратил Предлог-законот на подносителот на дополнување, со што по трет пат флагрантно го прекршил собранискиот Деловник. А во ваква ситуација настапува несоборливата правна претпоставка дека законскиот предлог како воопшто и да не е поднесен (praesumptio iuris), оти тој никогаш не е соодветно коригиран: „Ако предлагачот не го дополни предлогот на законот во рок од 15 дена од барањето на претседателот на Собранието се смета дека предлогот на законот не е ни поднесен“ [чл. 136]. Следно што сторил г. Џафери спротивно на Уставот, е тоа што тој – доколку самовласно смета дека имал право да го замени Претседателот на Републиката при потпишување на указот и негово праќање на објава во Сл. весник – требало претходно задолжително да се изземе од гласањето по законот, но тоа не го сторил, туку гласал ЗА – видно од службениот Листинг за гласање! Со ова, тој го игнорирал и грубо го прекршил Уставот кој експлицитно предвидува дека: „Кога претседателот на Собранието ја врши функцијата претседател на Републиката, тој учествува во работата на Собранието без право на одлучување“ [чл. 82, ст.4 од УРМ]. Конечно, собранискиот спикер го прекрши и чл. 67, ст. 3 од Уставот кој ја регулира инкомпатибилноста на овој јавен функционер: „Функцијата претседател на Собранието е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија“! Во контроверзната фуснота во која се даваат причините зошто Указот го нема неопходниот претседателски потпис, претседателот на Собранието самоволно се ставил себеси во улога на судија на Уставниот суд на РМ и, арбитрарно и сосем паушално, самиот тој – без никаква претходно водена правна постапка – констатирал прекршување на Уставот од страна на Претседателот проф. д-р Ѓорѓе Иванов, како инокосен државен орган. Тој ова го направил со предумисла, иако знаел дека Собранието не иницирало импичмент, и иако за тоа се нема произнесено Уставниот суд на РМ – како врховна и исклучиво надлежна инстанца за пресудување на ваквите квази-судски спорови. Оти, само Уставниот суд, а не претседателот на Собранието, е тој што има ексклузивна надлежност, по службена должност (ex officio), да ги толкува и утврдува условите за престанок на функцијата и за правната одговорност на Претседателот на Републиката при евентуалното кршење на Уставот [чл. 87, ст.2 од УРМ]. Останува да видиме дали овој персонален состав на Судот, кој дефинитивно е кадровски и професионално најслаб во досегашната наша државно-правна историја по осамостојувањето, ќе смогне сили за конечно да го пресече Гордиевиот јазол околу вака шверцуваната двојазичносткоја, во блиска иднина, се заканува да го зголеми етно-национализмот, да внесе меѓуетничка омраза и нетрпеливост и сериозно да го загрози унитарниот карактер, па дури и самото опстојување на Републиката.” – Напиша Апасиев.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Театарска комедија на репертоарот на Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” од Неготино
Следна објава Голем пожар изгоре насади од лешници и земјоделска површина во Вевчани
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 483
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 464
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 469
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1110
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 452
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 510
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 257
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 339
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 483
Жена на денот
Гламур како инспирација за секојдневието

Гламур како инспирација за секојдневието

2679
Маж на денот
Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

1583
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Неделни топ 5 на Брегалнички
Ќулавковa -  “Македонскиот идентитет ни го забетонираа онака како што некогаш во мостовите заѕидувале жива жена – доилка”
Македонија

Ќулавковa - “Македонскиот идентитет ни го забетонираа онака како што некогаш во мостовите заѕидувале жива жена – доилка”

Мај 9th, 2019 1039
Хорор во с.Желино (Тетовско)- Татко го пpoбoдел синот со нoж
Македонија

Хорор во с.Желино (Тетовско)- Татко го пpoбoдел синот со нoж

Јул 1st, 201964
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
"Свирни против промена на името"- симпатична акција која плени со својата креативност
Македонија

"Свирни против промена на името"- симпатична акција која плени со својата креативност

Мај 28th, 201821
Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани
Регион

Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани

Окт 23rd, 202221
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.