Интензивната и фокусирана реализација на секојдневните активности на Јавното Претпријатие “Стипион” Штип пополека дава резултат во подобрувањето на животните услови за жителите на сите штипски населби.
Во изминатите недели екипи на Јавното Претпријатие “Стипион” Штип посветено работеа на уредувањето на еден од најзапуштените јавни простори во штип и тоа во населбата Сењак 4 каде што деновиве ново мултинаменско игралиште ги добива своите контури на препознатливост.
За кратко време граѓаните на оваа населба и сите добронамерници ќе може да играат фудбал на новоопременото фудбалско игралиште на вештачка трева како и уличен баскет на новото кошаркарско игралиште со тартан подлога.
До неодамна неуреденото и обраснато катче со дива вегетација и отпад сега прераснува во репрезентативен јавен простор за спорт, рекреација и социјализација на штипјани.
“За многу кратко на ова “заборавено место” во населбата Сењак 4 ќе има терен за мал фудбал ( со вештачка трева ) и баскет ( 3х3 ) терен ( со тартан подлога ).
Продолжуваме посветено од за Штип.
#ЈПСтипион#ОпштинаШтип#ВМРОДПМНЕ“
-информираше директорот на ЈП “Стипион” Штип Игор Ефтимов во врска со овој проект.