Отсуството на демократија и непостоењето на фер услови на водење на политичка битка помеѓу политичките актери во државата е се поочигледна. Функционерите на СДСМ пенетрирани длабоко во структурите на државата, платени со пари на сите граѓани во Македонија, веќе подолг период се впуштени во теренска и медиумска кампања злоупотребувајки ги своите позиции, функции и моќ.
Еден таков очигледен пример е и примерот со дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска која го узурпира медиумскиот простор и својата функција во министерството додека истовремено е кандидат за пратеник на политичка листа на СДСМ.
За оваа проблематична ситуација во јавноста со која треба да се позанимаваат од Јавното обвинителство, реагираше Драган Ковачки преку директна прозивка како на заменик министерката така и со прозивање на нејзиниот шеф во владата Оливер Спасовски. Тој кон нив ги упати одредбите од специфичната законска регулатива чија што содржина го уредува овој дел.
“Зошто не важи изборниот законик за кандидатот за пратеник во ИЕ-2 г-ѓа @SlavjankaPetrov ? г-не @o_spasovski , кога ќе ги повикате функционерите и министрите да си дадат оставки и да не користат државни ресурси додека се во кампања? #ЕвропскиВредности“
-напиша на твитер Драган Ковачки.
Зошто не важи изборниот законик за кандидатот за пратеник во ИЕ-2 г-ѓа @SlavjankaPetrov ? г-не @o_spasovski , кога ќе ги повикате функционерите и министрите да си дадат оставки и да не користат државни ресурси додека се во кампања? #ЕвропскиВредности pic.twitter.com/xQa3lynN77
— Драган Ковачки (@Kovacki1) June 18, 2020