По најавите од страна на властите дека нема да го има традиционалниот државнички говор од Мечкин Камен со кој што би требало да се обединат сите граѓани на државата, своја реакција во јавноста упати Драган Ковачки. Тој ги запраша надлежните дали воопшто некогаш се запрашале зошто граѓаните на Македонија им своркаат на актуелните политичари.
“Што да очекуваш од “државникот” според кој Гоце Делчев се декларирал како Бугарин?
Обезвреднија се’ што е македонско. Како може да нема говор за саможртвата на Илинденците? Како тоа никој од функционерите да не оддаде почит на тие што загинаа за да ние денеска живееме во мир и слобода?
Ако нема државничко обраќање на Мечкин Камен, тогаш каде треба да има?
*Си газиме на корењата, па после некој друг ни е крив…
П.С. Иако образложението Ви е само алиби, да прашам дали сте се запрашале зошто Ви свиркаат на говорите?
-напиша на социјалните мрежи Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.


