Во неделата имав чест да го угостам во мојот двор (со сите државни и партиски почести), нашиот сопартиец, и херој од 2001-ва година, Драган Ковачки.
Човек кој што се жртвуваше за Македонија во 2001-вата (како припадник на „волците“), човек кој што се жртвува и денеска, и човек кој што особено во иднина ќе се жртвува за Македонија, во неговата НОВА ЖИВОТНА РОЛЈА, како политичар.
Архитипска фигура на „хомо хероикус“, која влева доверба и безбедност кај членството и населението, во овие (за жал) ПРЕДАВНИЧКИ ВРЕМИЊА.
По мене токму ова е профил на личност, за право ВМРО!
Eм разборит, ем скромен. A во исто време остар и бунтовен. Матуриран карактер, со завршен висок степен на процесот на индивидуација и во општо философска, и во јунгова смисла на зборот. Матуриран карактер, човек, војник, патриот и политичар, кој што знае што е ЈУНАШТВО, а што ЧОЈСТВО.
A, jунаштво е кога ги браниш своите, од туѓото лудило. А чојство е, кога ги браниш туѓите, од лудилото на своите.
Токму со вакви профили на личности треба да го полниме извршниот и централниот комитет, и највисокото раководство на партијата.
Затоа што ВМРО-ДПМНЕ (а особено историското ВМРО), се проектирани како политичка организација на македонските патриоти (а некогаш и воено-политичка организација), за заштита на македонските национални интереси.
И токму, со што повеќе вакви профили на личности во највисоките партиски органи, ВМРО-ДПМНЕ,
ќе биде многу ПОВЕЌЕ ВМРО, а многу ПОМАЛКУ ДПМНЕ.
А само како таква, како многу повеќе ВМРО од ДПМНЕ, ќе ја има мојата ПРЕМАНЕНТНА ЛОЈАЛНОСТ.
Јас сум во политиката поради ИДЕОЛОГИЈА. Не поради личен интерес. Личниот интерес си го остварувам и без партија, и без политика…
_______________________________________________________________________
p.s
Драган Ковачки е член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, и беше предлог министер за внатрешни работи на партијата, во техничката влада во очи на
последните парламентарни избори…
Инаку, ова е неговата ФБ страна. Доколку до сега не сте го следеле на ФБ, ви препорачувам тоа да го сторите, за да видите и каков колумнист и концептџија е со неговите текстови…
(Линк од неговата ФБ страна
)
https://www.facebook.com/DraganKovachki
_______________________________________________________________________
(хаштаг секција)
#ВМРОДПМНЕ#ДраганКовачки#ХристијанМицковски#МакедонијаЗаСитеЛуѓе
#Македонија#ЗоранЈованоски#Стваралац
Извор: Zoran Jovanoski


