Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПНЕ и пратеник во Македонскиот парламент Драган Ковачки во своето гостување во емисијата “Што не е јасно” на ТВ АЛФА зборуваше за повеќе актуелни политички теми кои влијаат на севкупниот живот на граѓаните на Македонија.
На почетокот од своето интервју Ковачки зборуваше за нелегитимноста на актуелната влада на Димитар Ковачевски која што беше избрана со тесно мнозинство во парламентот со 62 пратеници.
СДСМ бега од избори како ѓавол од темјан! Оваа влада која што ја избраа пред некој ден ниту легитимитет, ниту капацитет ниту авторитет да продолжи да ги води процесите во државата. СДСМ знае дека на следните парламентарни избори ќе ги изгуби изборите, ќе биде драстично поразен како што тоа се случи на 31 октомври за време на локалните избори и токму затоа и бега. Што се однесува до легитимитетот бидејки тие знаат зошто ќе ги изгубата изборите јас би сакал да споменам неколку работи:
-оваа влада како што ги изгуби изборите на 31 октомври со над 100 000 гласови разлика, сами си вадат некаков легитимитет, не знам од каде и кажуваат дека се некаков продолжеток на минатогодишните парламентарни избори. Тоа не е така! На минатогодишните избори тие настапија во коалиција СДСМ и БЕСА, БЕСА веќе не е со нив БЕСА е во опозиција. Понатаму АЛТЕРНАТИВА која што беше опозициска партија и која што имаше програма против СДСМ и против ДУИ, сега е во власта, практично е со нив. И сега од каде е тој континуитет тие што го црпат?
-соопшти Драган Ковачки- член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Македонскиот парламент.
Целата емисија може да ја погледнете во продолжение:


