На лидерската средба вчера владините функционери пристигнаа со својот нов “миленик”. Мерцедесот во својата луксузна варијанта кој на светскиот пазар чини околу 250.000 евра бил неодамна набавен од страна на владините служби.
Јавноста во Македонија беше сведок на претераните изблици на нервоза и фанатизам во 2015 и 2016 година од страна на активисти на СДСМ и припадници на т.н. Шарена револуција, околу блиндираниот мерцедес кој што претходната влада го набави за потребите на државните институции а за кој е осуден поранешниот Премиер Никола Груевски.


