Во соопштение до јавноста ВМРО-ДПМНЕ реагираат на постојаното задолжување на Владата на Република Македонија кон странски и домашни финансиски институции.
СДСМ континуирано ја задолжува државата, а пари за граѓаните има се помалку. Расипништвото на власта ги чинеше граѓаните нови 6.6 милиони евра.
Со СДСМ на власт јавниот долг надмина 5 милијарди евра, а државниот 4 милијарди. Власта се задолжува, а граѓаните не знаат за што се трошат стотиците милиони евра.
И додека товарот за идните генерации е се поголем и сегашните тонат. Платите во јуни се помали од тие во мај.
Субвенциите за земјоделците се намалени, а откуп на произведеното нема. По доматите, бостанот, пченицата, откуп нема и за сливата, со што над 20.000 тони сливи скапува на нивите, а илјадници земјоделски семејства не знаат како ќе ја преживеат годината, но затоа власта наоѓа стотици илјади евра за авторски договори и хонорари.
Војската работи во најлошите услови од осамостојувањето, пари за нови инвестиции нема, но затоа има пари за поддршка и промоција по телевизии на капитулантскиот договор за промена на името, кој го потпиша Заев. Тендерот за набавка на нови униформи го укинаа, нови чизми нема, храната што се служи во касарните е слаба, а организиран платен превоз стана мисловен поим, па илјадници војници секој ден мислат како ќе стасаат на време до нивното работно место.
-реагираат од најголемата опозициона партија во државата.