На социјалните мрежи објавено е видео во кое што се гледа како сопственик на угостителски објект во Гевгелија јавно говори за својата мака која го снашло во ова и така кризно време.
“Гевгеличанец, еснаф, зел кредит за да отвори ресторан. Вработил луѓе, делел плата. Му се паркира финансиска полиција, му маваат 7000(!) евра казна и забрана за работа поради 4 гости кои покажале лажен ковид сертификат.Човекот, виден граѓанин е буквално скршен.Да ти ебам системот”
-стои во коментар како објаснување за што станува збор на видеото во кое човек низ солзи и липање јавно си ја кажува својата мака за што добива поддршка од насобраните граѓани.


