• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

ДЗР: Низок степен на реализација на владините мерки во секторот туризам

август 13th, 2022 Македонија коментари 298

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
ДЗР: Низок степен на реализација на владините мерки во секторот туризам


Државниот завод за ревизија изврши ревизија на успешност на тема ,,Ефикасност на преземените мерки и политики за намалување на ефектите од пандемијата во секторот туризам’’, согласно Годишната програма за работа на ДЗР за 2021 година.

Целта на извршената ревизија e да се даде одговор на прашањето „Дали преземените мерки и политики од страна на Владата на РСМ и надлежните институции се во функција на развој на туризмот и намалување на ефектите од кризата од пандемијата во секторот туризам?”

Ревизорите констатирале дека креирањето на мерките и политиките треба да се врши со среднорочно и долгорочно стратешко планирање на државно ниво, со дефинирање на цели и приоритети, како и потреба од анализа за влијанието на мерките со што ќе се обезбеди следење на ефикасноста од нивното спроведување и ќе се дадат идни насоки за постапување. 

Недостапноста на навремени, консолидирани и јасни податоци за доделената финансиска поддршка оневозможува да се изготвуваат навремени и ефикасни анализи за ефектот на мерките во секторот туризам.

Ревизорите утврдија низок степен на реализација на мерките во секторот туризам, и тоа:

Нискиот степен на реализација на мерките од областа туризам не одговара на поставените цели за справување со кризата од пандемијата.

Во однос на воспоставената правна рамка која го регулира секторот туризам со ревизијата е утврдено дека има потреба од измени на законската регулатива поради потешкотии во имплементацијата на законските решенија, што води кон отежната реализација на програмите за развој на туризмот.

Со анализата на Националната стратегија за развој на туризмот 2016-2021 и Акцискиот план 2019-2021, ревизорите констатираат дека не се следи реализацијата на планираните активности и незадоволителен е степенот на имплементација на активностите од Акциониот план, што влијае на планирањето, креирањето, донесувањето и имплементацијата на политиките и мерките во областа туризам.

Во делот на реализацијата на програмските активности на надлежните институции за туризам е утврдено континуирано намалување на Буџетот за период 2018-2021 година, со исклучок на 2020 година.

Исто така утврдена е потреба од унапредување на институционалните капацитети, соработка и координација на активностите на  централно и локално ниво и формирање на Комитет за туризам како орган од највисок ранг надлежен за туризмот во земјата.

Со престанок на работата на Координативното тело за туризам не постои целосна координација меѓу институциите и носителите на секторот туризам, а поединечното делување доведува до намалување на влијанието на секторот при креирањето на интервентни политики за справување со кризата од Ковид-19, видот на мерките, нивното навремено носење и брза реализација.

Во однос на креирањето на економските мерки за справување со пандемијата утврдено е отсуство на документација за извршена претходна анализа и проценка при креирањето на мерките на која се базира планираниот опфат и потребните средства за секоја економска мерка, условите и критериумите за нивно доделување, како и  анализа за влијанието на мерките и утврдување на целта што треба да се постигне на краток, среден и долг рок. Ваквата состојба го отежнува следењето на успешноста од спроведување на мерките, како и отсуство на идни насоки за постапување.

Владата на РСМ нема воспоставено систем за следење на секоја мерка одделно и не е развиена и објавена централна база на податоци во која на дневно или месечно ниво би се објавиле информации за степенот на реализација на секоја поединечна мерка со податоци за планираните средства,  бројот на деловни субјекти и граѓани за кои е наменета мерката, изворот на средствата, степенот на нивната искористеност и неискористеност, причините за не реализираност на мерката.

Во однос на контролата над исполнувањето на условите за доделената финансиска поддршка на туристичките агенции од шестиот пакет на мерки, ревизорите констатираат дека не е утврден начинот на кој ќе се врши контролата за исполнување на условите, ниту пак е определена надлежната институција која ќе ја врши контролата и мерки кои ќе се преземат во случај на неисполнување на критериумите и неизвршен поврат на средства.

Со спроведената ревизија е добиено разумно уверување дека Владата на РСМ преку донесените антикризни мерки за поддршка на економијата/туристички сектор, кои се фокусирани на граѓаните, нивните работни места, социјалната сигурност, солидарност и креирање амбиент за полесно надминување на економските последици од корона вирусот, како и програмските активности на надлежните институции за туризам имале делумно влијание за ефикасно справување со последиците од пандемијата и намалување на ефектите од кризата во секторот туризам.

-интегрален текст на соопштение на Државниот завод за Ревизија на Република Македонија упатено до јавноста.

Конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на успешност на тема „ Ефикасност на преземените мерки и политики за намалување на ефектите од пандемијата во секторот туризам “ е достапен на сл. линк тука.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Охридскиот Рамковењн Договор е патоказот за стабилна иднина, соопштуваат од СДСМ
Следна објава Во Кочани одржан 14. Републички собир на пензионери на Македонија
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 386
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 374
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 384
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1009
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 370
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 413
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 179
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 261
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 359
Жена на денот
Тајлин Блонд- модел во светот на убавината од најмала возраст

Тајлин Блонд- модел во светот на убавината од најмала возраст

506
Маж на денот
20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

1455
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Неделни топ 5 на Брегалнички
Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'
Жена на денот

Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

Авг 11th, 2018 483
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
СДСМ не направи ништо за да ја стабилизира депонијата во с. Лески во изминатите 4 години и не знаат за начинот на третирање на истата
Регион

СДСМ не направи ништо за да ја стабилизира депонијата во с. Лески во изминатите 4 години и не знаат за начинот на третирање на истата

Апр 13th, 202226
Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд
Жена на денот

Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд

Мар 8th, 202026
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Колумна

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

Окт 29th, 202224
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.