Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ) организира обука за Законот за градежни производи, објавен во Службен весник бр. 104/2015 и најновите измени објавени во Службен весник бр. 120/2018. На обуката ќе се даде посебен осврт кон стандардите од хармонизираното и нехармонизираното подрачје. Од хармонизираното подрачје ќе бидат подетално разработени стандардите од областа на агрегатите и условите за пласман на пазарот, согласно барањата на стандардот МКС EN 12620+A1:2009. Од нехармонизирано подрачје, еден од круцијалните стандарди е и нацрт македонскиот стандард Н МКС 1016:2018 кој содржи правила кои се применуваат во врска со стандардот МКС EN 206:2014+A1:2017. Националниот документ кон МКС EN 206, кој е изработен во согласност со одредбите од наведениот стандард, ги дава критериумите за својствата, производството и сообразноста на бетонот и се користи како водич за употреба на МКС EN 206.
Обуката ќе ја води сертифициран експерт д-р Соња Черепналковска, дипломиран градежен инженер при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и доктор по технички науки на факултетот за Технички науки при Универзитетот во Нови Сад, од областа на индустриско инженерство и менаџмент. д-р Соња Черепналковска има долгогодишно работно искуство во Институтот за стандардизација на Република Македонија, како раководител на Секторот за стандардизација. Автор е на научни и стручни трудови од областа на стандардизацијата. Член e на Работната група за подготовка на Законот на градежни производи.
Обучувач за стандардот Н МКС 1016:2018 кој содржи правила кои се применуваат во врска со стандардот МКС EN 206:2014+A1:2017, ќе го води проф. д-р Тони Аранѓеловски, претседател на ИСРМ ТК 25.
По обуката ќе се одржи и панел дискусија на која ќе се придружат претставници од регулаторните тела односно од Државен пазарен инспекторат како и од Министерството за економија.
Оваа обука ќе ви овозможи да бидете во тек со новините кои се воведуваат во градежниот сектор и е создадена да ви обезбеди нови знаења и вештини, со цел истите максимално да ги искористите во организациите.
Од страна на организаторите ги покануваат сите заинтересирани страни да учествуваат на обуката која ќе биде одржана на 14 Ноември 2018 со почеток во 09.00 часот во ИСРМ – Институт за стандардизација на Република Македонија -ISRM.
Заради организирање на соодветен простор за обуката се молат сите заинтересирани да го пријават своето учество најдоцна до 10 Ноември 2018.
Цената за обуката изнесува 7000 денари, а за членки на ИСРМ се одобрува 20% попуст како и за повеќе учесници од иста институција. Учесниците на оваа обука ќе се стекнат со сертификати, а котизацијата за обуката вклучува материјали за обуката, сертификат за учество, кафе паузи, освежување и ручек.
За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање.
Лице за контакт:
д-р Ружица Јовановиќ-Малиновска
раководител на одделение за соработка со клиенти
телефон: 02 3247 159
мобилен: 076 448 791
емаил: malinovska.ruzica@isrm.gov.mk