Опструкции, поткупи, закани, уцени се само дел од средствата со кои се служи СДС за време на овие локални избори. Во изминатиов месец бевме сведоци на „купување глас“ по секоја цена, без да се размислува за средствата и мерките кои ќе се превземат од оваа партија. Ваков беше примерот во цела Македонија, а истото се случува и во нашиот град, изјави денеска Игор Ефтимов, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.
Тој напомена дека кампањата за овие локални избори беше една од најниските со кои до сега се соочувале граѓаните, кампања за време на која штипјани беа згрозени од однесувањето и навредите кои кандидатот на СДС ги упатуваше кон градоначалникот Илчо Захариев.
-Поради тоа што, деновиве низ Штип од врата на врата одат 100тина анкетари, платени од СДС, за да извршат притисок врз локалното население, на граѓаните им посочуваме да не се плашат од наметнатиот притисок, да го искористат своето гласачко право и да застанат на страната на оној кој целиот свој живот и работа ги посвети за општо добро, за граѓаните на Штип и цела Македонија, изјави Ефтимов
Ефтимов ги повика граѓаните на 29 октомври да покажат дека народот ја поддржува работата на човекот кој за време на мандатот најуспешно изменаџира со парите на граѓаните и овој град го претвори во убаво место за живеење.
Извор:Курир