Кандидатурата на Благој Бочварски за градоначалник на Штип има само една цел, запоседнување на Општина Штип и претворање на личен вилает на фамилијата Бочварски. Не само што ќе владее страшен непотизам бидејќи татко и син ќе работат на исти ходници туку и во градот ќе владее страшен хаос. Во продолжение извадоци од весниците од времето кога токму оваа фамилија го силуваше градот Штип без притоа да размислува за последиците кои денес ги чувствуваме.