Оваа објава денеска се појави на социјалните мрежи кој споделува информација како да им се помогне на притворените патриоти во затворот во Шутка:
АПДЕЈТ!
АПДЕЈТ за ситуацијата со уплатите во затворот Шутка.
Спротивно на првичните информации кои што ги добивме од затворот Шутка, сепак не можело директно на лице место да се уплатат пари за конкретни притвореници, туку се уплаќаат во пошта. Ова е одлична информација!
Одлична затоа, што патот до затворот Шутка ионака одзема многу време, без разлика дали се оди со автобус или со автомобил. Исто така, не сите живеат во Скопје, нити пак во Македонија, така што на овој начин, секој кој што сака да испрати еден или повеќе мали поздрави, може да си оди во една од подружниците на поштата во својот град и да ја изврши уплатата. Значи НЕ МОРА да се оди до затворот, поздрав може да се испрати ВО БИЛО КОЈА ПОШТА. Ова со големи букви, затоа што некои од вас прашуваа.
Во сликите долу е насликана уплатницата каква што е потребна, кошта 6 денари и се купува директно на поштенскиот шалтер. Исто така, од сликата може да се види, како се пополнува. Воопшто не е важно, дали ќе испратите 50 денари или 500 денари. Помислата и физичкото дејство да се врзат чевлите и појде до пошта се оние фактори кои што ќе остават благороден печат.
Oние од вас кои што можеби се прашувате, за каква првична информација се работи, нека го прочитаат овој пост овде:
https://www.facebook.com/marija.stojanova.395/posts/10212996814022951
Понекогаш, на светов постојат луѓе, кои што го носат заедничкиот товар на сите нас што ги делиме истите чувства и мисли. Понекогаш, имаме можност барем малку да им олесниме.
Господ да ве чува, или здравиот разум, кој во што си верува, и пред сé, бидете добри, затоа што добрината дава храброст, и затоа што таа најповеќе ќе ве чува и вас, и луѓето околу вас.
Кој мисли дека треба, нека сподели.
Среќна Нова Година.


