Фолклорниот ансамбл Никола Јонков Вапцаров од Скопје ќе настапи на светскиот конгрес на Јужниот сектор на ЦИОФФ – Светската организација во фолклор на 15-ти мај кој ќе се одржи во Битола.
Покрај овој бележит фолклорен ансамбл на настанот ќе настапат и Фолклорната група “Копачка” од село Драмче, Делчево, КУД “Дримкол” од Вевчани, КУД “Китка”- Истибања, АКУД “Мирче Ацев” од Скопје, КУД “Илинден” од Битола, АНПО “Скопје” и Ансамблот “Ибе Паликуќа” од Скопје.
На конгресот ќе присуствуваат Претседателите на 15 Земји членки на ЦИОФФ, меѓу кои и Претседателот на фолклорната федерација на Франција.