Негрижата за јавните површини во Кочани доживува своја ренесанса.
Од страна на револтиран граѓанин до нас се доставени фотографии од катастрофалната состојба со Спомен паркот во Кочани кој што е посветен на Македонскиот револуционер и Претседател на Крушевската Република-Прва на Балканот, Никола Карев.
Спомен обележјето се протега на површина од 460 метри квадратни и располага со повеќе содржини од кои посетителите требаше да ја учат историјата и револуционерната идеја на Карев. Воедно, спомен обележјето требаше да биде убаво место за престој на групи посетители, научни екскурзии и истражувачки програми.

Околу спомен паркот посветен на Никола Карев во Свиланово, Рајчани кој чинеше 5,6 милиони денари и беше финансиран од Програмата за развој на планинските региони за 2017 година, а со кофинансирање на Општина Кочани има измет и мириса на фекалии. Меѓу летниковците има расфрлано ѓубре, користени алишта, шишиња, догорчиња, штици…

Исто така може да се забележи дека осветлувањето во летниковецот, е оштетено целосно и веќе подолго време не работи.

Иако целосното оддржување на споменикот е надлежност на локалната власт во Општина Кочани, никој од раководните лица т.е. Градоначалникот, ниту пак Директорот на Водовод не најдоа време да го оддржуваат овој споменик. Од како за прв пат во животот минатата година беа во спомен паркот посветен на Никола Карев во Свиланово, Рајчани до ден денешен се немаат вратено таму. Сигурно сега ќе се сетат за чествувањето на 27 април и ќе побрзаат да се сликаат, но да се надеваме дека претходно ќе покажат барем малку грижа за спомен обележјето.
