Затворени за Македонија
Ситни капки дожд го љубат слабото тело. низ косата отечени прсти потрага за мудрост на затворена глава!?
Среќичка!?
Canabis sativa го гори грлото на Човекот а на гради сладок плам го носи во облаци. Влага и неизвесност!?
Потоци од солзи на мајки, сестри и жени бразди од умора и ораница…Влијание!
Локомотива брефта, последен во шансата за заробен живот, за огнено грло, за маски и изгубени лица… обезличени, капки енергија во хаос, борба за сласт и за власт, на нашите сетила, тоа е таа: Расипана илузија!
Посветено на бранителите на редот и поредокот, на браќата…
Пишува: Гоце Марков