Вчерашниот ден беше проследен со значително силен ветер кој ја погоди Македонија. Денес времето ќе биде ветровито со силен северен ветер, наместа сончево но значително постудено од претходните денови.
Дневната температура во поголем дел од земјава ќе се намали за околу 10, а на места и за 15 степени.
Во среда се очекува температурата да падне и 0 степени во утринските часови.
Благо покачување на температурата и стабилизирање се очекува кон крајот на неделата.