Човек со негативно и лошо минато, човек со лажни ветувања, лажни ставови, човек со неискрена желба да помогне на обичниот човек, со помош на партиски структури се искачува на скалилата на општеството каде сега гледа ПОБЕДА КАКО ДИРЕКТОР НА ЕДНА ОД НАЈУГЛЕДНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ГРАД ШТИП.
Биографијата на Трајков изобилува со недоречености, често пати недозволени со закон дејствија и профитерски потези.
Од активен член на ВМРО-ДПМНЕ, полн со болни и нереални фантазии, Трајков премина во бизнис секторот, каде го имаше неговото прво „директорување“.
Како раководител на приватното училиште Оксиа, не само што нижеше лични неуспеси, но и не успеа да им ги исплати последните три плати на вработените.
Оттаму премина во граѓански сектор. Го водеше граѓанското здружение „Гласно“ диригирано од владеачката СДСМ, со кое ветуваше права на текстилните работници, но на нивни грб ги оствари своите високи амбиции.
Трајков ги изманипулира изморените и истрошени работници, ги лажеше стечајците, ги лажеше текстилците, ги излажа сите граѓани! Очигледно, Директорското место беше поважно од правата на работниците.
Од друга страна пак, Горан Трајков создавал вистинска голгота за штипјани, земајќи кредити преку жиранти, а ратите за истите никогаш не биле исплатени!!!
Како голем профитерски лажго, демонстрант и главен организатор на Шарената соросоидна револуција во Штип, демолирајќи, викајќи и посакувајки подобро утро и подобар живот за сите, сега си испорача топла фотелја.
Меѓутоа, овој човек не е препознатлив само во Штип. И велешани имале нагативно искуство, кога поради конфликти со колегите и несоцијализација е истеран од работа во училиште.
Поради своите активности, неговата матична партија на чело со градоначалникот на општина Штип, му ја додели Осмоноемвриска награда како заслужен граѓанин и го стави на ист ранг со оние кои вистински ја заслужија оваа награда. Дали блискоста со градоначалникот е заблагодарување на еден спрема друг, начин на раздолжување? Дали нивната соработка потекнува од задкулисното лобирање за време на локалните избори, за сметка на кои едниот доби градоначалничка, а другиот директорска фотелја? На виделина излегува скриениот договор, во кој јасно се гледа ветеното – Трајков да биде Директор кој ќе ги ужива благодетите на неговата матична партија како заслужен партиски војник.
После сите манипулации направени од Горан Трајков јасно како ден станува дека негова едјнствена цел била да се искачи колку што може повисоко на некоја функционерска фотеља. Трајков позади себе остави илјадници излажани текстилни работници. После сето ова, Трајков уште еднаш го докажа неговиот нестабилен карактер манипулирајќи со судбините на обичните работници се закити со лични признанија и профитерска фотеља. Горан Трајков е должен да и објасни на јавноста зошто цело време манипулираше со истата. Дали се боре за правда или за директорска фотеља. Дали се бореше за текстилните работници или за неговиот личен интерес.