Градоначалникот на Македонска Каменица Димче Атанасовски во текот на денешниот имаше теренски активности помеѓу жителите во градот.
На средба со граѓаните од Ковачевско Маало, Градоначалникот Атанасовски разговараше за повеќе актуелни потреби на жителите како и за можностите за унапредување на соработката меѓу општината и самите граѓани.
“Бев на средба со жителите на Ковачевска маала во Македонска Каменица. Разговаравме за можна реконструкција на локалниот пат во оваа маала, како и за решавање на останатите проблеми во овој дел од градот.
До крајот на овој мандаг ќе изградиме патишта секаде каде што нема и значително ќе ја подобриме патната инфраструктура.
Наша приоритетна цел е да овозможиме пристојни услови во сите средини.
Со вакви средби со нашите жители ќе продолжиме и во наредниот период.”
-соопшти градоначалникот Атанасовски во врска со оваа средба.