Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковсаки заедно со Претседателот на Советот на Општина Длечево Драган Маневски, пратеничката во Собранието на Република Македонија заедно со дел од своите најблиски соработници присуствуваа на традиционалната Рамазанска Ифтарска вечера заедно со претставници на Исламската верска заедница при џамијата Мехмет Фатих II од Делчево.
По овој повод Градоначалникот Трајковски истакна:
На мене како градоначалник на Општина Делчево и претставниците од локалната самоуправа ни претставува огромна чест што не поканивте да бидеме дел од оваа Ваша убава традиција по повод Рамазан, месец на добрина, милост, љубов и простување. Затоа сакам да ја искористам можноста и од овде да испратам порака за соживот, за мир, меѓусебно разбирање и толеранција помеѓу нас.
Од името на “Брегалнички” упатуваме искрени пораки за хармонија и духовен мир по повод овој верски празник за припадниците на исламската вероисповест.
Напомена:
Изјавата на Градоначалникот и фотографијата во оваа статија се превземени од Службениот интернет портал на Општина Делчево.