• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион
Институции

Градоначалникот на Македонска Каменица Димче Атанасовски со отчет за првите 100 дена од мандатот

февруари 15th, 2022 Институции, Регион коментари 554

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Градоначалникот на Македонска Каменица Димче Атанасовски со отчет за првите 100 дена од мандатот

На денешниот настан кој се организираше во Кочани под името „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“ свое обраќање со досега реализираните проекти за жителите на Македонска Каменица имаше и Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски.

Тој на почетокот во своето обраќање се осврна на политичките принципи врз основа на кои работи и ги остварува ветените проекти за жителите на Македонска Каменица. Нулта корупција, со буџетски расходи кои се јавно транспарентни и лесно достапни за сите граѓани Градоначалникот Атанасовски цени дека ќе ја подобри довербата на жителите на општината во општинската администрација

Почитувани сограѓани,

Со многу енергија, ентузијазам, нови идеи и визии го започнавме раководењето со Општина Македонска Каменица. Ветивме дека нашиот град ќе го врати стариот сјај, дека ќе биде модерен и препознатлив и веќе по првите сто дена веруваме дека се движиме во вистинска насока. Креираме сопствен систем и начин на работа кој ќе овозможи Македонска Каменица да биде општина со нула корупција. Сите буџетски расходи ќе бидат транспарентни и достапни, граѓаните ќе знаат дека нивните пари се трошат на вистинско место, со што ќе ја подобриме довербата во администрацијата и отчетноста во нашето работење. Мојот тим е во континуирана комуникација со граѓаните, среда и петок се приемни денови за странки во Општината и така добиваме релевантни информации за сите проблеми, кои се решаваат во најкраток можен рок. Наследивме дезорганизирана, спора и нефункционална општинска администрација и веднаш започнавме со модернизација на начинот на кој таа ќе функционира во иднина. Процесот на набавка на потребната опрема, зголемувањето на мотивацијата за работа кај административните службеници и правилно распоредување на работните задачи ќе продолжи, и наскоро ќе имаме тим подготвен за брзо, ефикасно, отчетно и транспарентно работење и справување со сите предизвици, ставен во служба на граѓаните. По првичните анализи мојот тим констатираше низа неправилности во работата на претходната структура. Нема реализирано ниту еден значаен и капитален проект, огромен број договори се склучени и исплатени без спроведени постапки за јавни набавки, договори кои се на штета на Општина Македонска Каменица, јавни набавки во кои има сериозни индичации дека се наместени, недостаток на вистински систем за прибирање на даноци и други давачки и слично, и од таа причина побаравме од Државниот завод за ревизија да изврши контрола на досегашното работење.

Наш приоритет се нашите сограѓани и затоа со брзи и квалитетни решенија делуваме во сите општествени сфери, градиме модерна, отворена и услужна општина, насочена кон подобрување на квалитетот на живот.”

-соопшти во воведниот дел од неговото обраќање Градоначалникот Атанасовски. Во продолжение градоначалникот се осврна на сите проекти кои ги реализираше ЕЛС МАкедонска Каменица под негово раководство во првите 100 денови од неговиот мандат.

“Пред нас се јасни цели, го започнавме мандатот со решавање на најгорливите проблеми и реализација на проекти кои се од широк јавен интерес.Без грам суета, ги продолживме сите започнати проекти и дел од нив веќе се во напредна фаза. Во Општина Македонска Каменица во моментов во тек е изградба или потпишани се договори за изградба на следниве локални и пристапни маалски патишта и улици кои се со вкупна должина од околу 7 километри:- Локален пат до маала Албанци во село Тодоровци- Реконструкција на дел од локален пат до село Цера (до Стипцарска маала)- Локален пат до Дракарска маала во село Луковица- Локален пат до маала Каранфилци во село Цера- Локален пат до маала Догрии во село Дулица- Изградба на дел од улица „Миле Јаневски Џингар“ во Македонска Каменица- Во подготовка е потребната документација за изградба на асфалтен пат во село Костиндол, од маала Штабо до маала Чобањето. – Наскоро ќе започне постапка за изградба на улиците „Питу Гули“ и „Новопроектирана“ во централното градско подрачје.

Започнавме постапката за изградба на нова општинска зграда која ќе биде лоцирана во непосредна близина на Градскиот плоштад, а за таа цел веќе е извршена физичка делба на парцела и промена на катастарска култура. Има договор за изградба на згради и помошни објекти за потребите на месните заедници во село Саса, село Тодоровци, село Луковица и село Костин Дол.Во фаза на реализација е доизградба на кејот, односно регулирањето на речното корито на долниот дел од течението од река Каменичка. Во овој дел од Македонска Каменица ќе имаме и нов градски парк – „Парк на бранителите“ за кој се подготвува проектна документација. Во фаза на изработка се урбанистички планови за населени места во село Саса, село Моштица и село Луковица со вкупен опфат од 220 ха, како и измени и дополнување на ДУП на Македонска Каменица за блок 3,8,13,14 и 15.

Потпишавме договор за улично осветлување на влезовите во Македонска Каменица, проект кој ќе се финансира преку проект на Центарот за развој на Источно плански регион, а за кој дел од средствата се обезбедени од општинскиот буџет. Го корегиравме проектот за осветлување на кеј на река Каменичка и овој месец ќе започне постапка за јавна набавка. Подготвивме проект за реконструкција на дел од градскиот базен и доградба на нови содржини на градски базен – изградба на мал базен за дечиња. Во завршна фаза е реализацијата на проектот „Водоснабдување на маала Павлиш Дол во Македонска Каменица“.Подготвена е техничка документација за изградба на крак на фекална канализација во маала Селото во село Моштица. Еден од проектите на кој сме особено горди и кој ќе се гради годинава е изградбата на спортски комплекс кој ќе биде уште еден модерен белег на нашата општина.

Партерно и хортикултурно го уредивме паркот лоциран во триаголникот помеѓу улиците „Александар Македонски”, „Гоце Делчев” и „Руенска”.Предвидовме 4.8 милиони денари од општинскиот буџет за изградба на паркинг во непосредна близина на Детска градинка „Бамби“, паркинг во непосредна близина на ЈП „Камена Река’ и за паркинзи на други локации кои дополнително ќе бидат мапирани согласно потребите на граѓаните. Ги исчистивме дивите депонии во централното градско подрачје, а до крајот на месец март ќе ги исчистиме пријавените и мапираните диви депонии во руралните средини. Ја подржавме еко акцијата за чистење на Калиманско езеро. Традиционално, во соработка со приватниот сектор обезбедивме и поделивме новогодишни пакетчиња за сите дечиња од ЈОУДГ „Бамби“ и ООУ „Св. Кирил и Методиј“. Во првите 100 дена од мандатот доделивме еднократна парична помош за болничко лекување во вкупен износ од 210.000 денари, а континуирано доделуваме еднократна парична помош за секое новородено дете во износ од 10.000 денари и 20.000 денари за секое прво новородено дете во годината. Доделивме пакети за лица со попреченост по повод 3-ти Декември – меѓународен ден на лица со попреченост.

Во партнерство со Рудник „Саса“ поделивме повеќе од 150 социјални пакети за ранливи категории на граѓани. Во партнерство со Здружението на пензионери од Македонска Каменица поделивме се социјални пакети за стари, болни и изнемоштени лица. Во фаза на подготовка е нова општинска Програма за социјална, здравствена и детска заштита, како и на нов Правилник за доделување на еднократна парична помош за социјални категории на граѓани и за болничко лекување. Во фаза на изработка е нова општинска Програма за култура за 2022 година, а обезбедивме 3,6 милиони денари за финансиска поддршка на Културно-информативен центар „Романса“ од Македонска Каменица. Во Буџетот за 2022 година предвидовме средства во вкупен износ од 2 милиони денари за реконструкција на споменик на „Вера Јоциќ“ во село Саса, за доуредување на туристички комплекс „Еленец“ во село Цера, како и за изработка на нови проектни документации за поддршка и развој на туризам. Образованието е дел на кој ќе бидеме силно посветени. Обезбедивме подарок книга-боенка за сите дечиња во ЈОУДГ „Бамби“, а за градинката веќе се почнати постапки за набавка на нова индустриска машина за перење алишта и нов индустриски ладилник, а обезбедени се финансиски средства за реконструкција на дел од тоалетите.

Започнавме постапка за изработка на Правилник за еднократна финансиска поддршка за сите ученици кои ќе запишат средно образование во СОУ „Миле Јаневски Џингар“, со што ќе допринесеме за зголемување на бројот на ученици во ова училиште. Во новиот општински Буџет за 2022 година предвидовме финансиски средства во вкупен износ од 4.2 милиони денари за поддршка на спортски клубови кои функционираат на подрачјето на Општина Македонска Каменица и за реализација на проекти од општинска Програма за спорт и млади. Потпишавме Меморандум за соработка со општина Балчова од Република Турција. Во соработка со Унгарското здружение во Македонија „Теледом“ и со Унгарската амбасада во Македонија ја организиравме манифестацијата „Унгарски културен мозаик“Во делот на здравствената заштита, односно за ангажман на доктори-специјалисти од различни области, како и за набавка на ново амбулантно возило, во Буџетот на општина Македонска Каменица предвидени се финансиски средства во вкупен износ од 3.2 милиони денари.”

-соопшти исцрпно во своето обраќање Градоначалникот на Македонска Каменица Димче Атанасовски пред присутните во салата на мултинаменската сала во Кочани на овој регионален настан на ВМРО-ДПМНЕ. Притоа Градоначалникот Атанасовски најави 98 нови проекти кои што ќе се реализираат во тековната 2022 година.

“Во текот на 2022 година ќе реализираме 98 значајни проекти или активности. Ние ги носиме промените што значат иднина!

Нашите ветувања гарантирано ќе ги исполниме!”

-рече градоначалникот Атанасовски.

  • Ознаки
  • 100 дена
  • Градоначалник
  • Македонска Каменица
  • Отчет
  • проекти

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Градоначалникот Далибор Ангелов ги презентираше реализираните проекти за жителите на општина Чешиново- Облешево
Следна објава Ковачки: Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски беше вклучен во политичка пропаганда за СДСМ
Може да Ве интересира:
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Институции

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

април 1st, 2023 424
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Институции

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

ноември 23rd, 2022 632
Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022
Институции

Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022

ноември 23rd, 2022 582
Кој и зошто им ја секнува водата  во домовите на жителите на с. Град, делчевско?
Институции

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

ноември 22nd, 2022 677
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Институции

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

ноември 21st, 2022 608
Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата
Институции

Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

ноември 21st, 2022 480
Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево
Граѓани

Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево

ноември 19th, 2022 1483
Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!
Граѓани

Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!

ноември 17th, 2022 421
Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Институции

Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ноември 17th, 2022 639
Жена на денот
Хелен Мирен - живејте го животот без грижи

Хелен Мирен - живејте го животот без грижи

1177
Маж на денот
Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

1913
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Неделни топ 5 на Брегалнички
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 2022 584
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 201727
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202125
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201921
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.