По извршените неопходни консултации околу техничкото решение на проектот во целосна функција на самите граѓани, денеска во Штип беше пуштена во употреба новата сообраќајна крстосница во населбата Сењак.
За реализацијата на овој значаен проект свое обраќање во јавноста имаше градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов:
“Населба Сењак доби современа и безбедна крстосница!
Општина Штип ја согледа потребата од изработка на функционално решение и промена на првичниот проект. Заедно со Министерство за транспорт и врски го реализиравме проектот, кој ќе значи поголема безбедност и функционалност за граѓаните на Општина Штип.”
-соопшти Иван Јорданов- Градоначалник на Штип во врска со реализацијата на овој проект.


