• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Став

Груевски за одлуките на судовите: Mногу невини луѓе ќе страдаат, за што еден ден сигурен сум дека ќе има одговорност за сторителите

септември 18th, 2020 Став коментари 797

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Груевски за одлуките на судовите: Mногу невини луѓе ќе страдаат, за што еден ден сигурен сум дека ќе има одговорност за сторителите

Интегрален текст на Никола Груевски во врска со одлуката на врховниот суд да ја потврди пресудата за случајот кој во јавноста е познат како “Тенк” а кој се однесува за набавката на блиндираниот мерцедес кој што е во сопственост на државата, набавен од страна на МВР во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ:

“Нема воопшто никакво изненадување во одлуката на врховниот суд да ја потврди пресудата за “Тенк”, кој е само дел од поширокиот и интензивен политички прогон на власта.

Зоран Заев преку свои посредници кои настапуваа и пренесуваа пораки во негово име, најчесто негов близок адвокат, континуирано вршеше притисок и влијание врз врховниот суд а истото го правеше и го прави и врз пониските судови, вклучувајќи го и кривичниот суд за други предмети од корпусот на оние предмети создадени со политички мотиви и интервенции и кои се дел од политичките прогони во Македонија. Пораките секогаш се од една личност, само “поштарите” некогаш се менуваат, а неретко “доставата” е и лична, понекогаш и јавна.

Ситуацијата дојде до тој степен на страв кај судиите, што во некои предмети судот се плаши дури да прифати и сослуша барем еден сведок предложен од одбраната а ги прифаќаат сите предложени сведоци од обвинителството. Ова од причина што ако прифатат и сослушаат сведок на одбраната може да се доведат во непријатност во однос на пресудата која се свесни дека неправично мораат да ја донесат но чуствуваат дека ако не ја донесат ќе имаат лични последици. Таков е на пример случајот во предметот за протестите во Центар, каде сите сведоци на обвинителство се прифатени и сослушани а ниту еден од оние кои јас ги предложив или пак подоцна адвокатот назначен по службена должност од страна на судот. Не постои реформа или закон што ќе промени нешто во судството во Македонија се додека државата функционира по принцип на мафијашка држава каде власта контролирајќи го обвинителството и судот своите најважни преставници ги ослободува од гонење (освен оние со кои самата ќе одлучи да ги елиминира од сосема други побуди), а истите институции преку фабрикувани случаи ги користи за гонење на политичките неистомисленици и каде пресудите на судот ги носи и испорачува еден човек или неговата најблиска структура. ЕУ може колку сака да објавува извештаи за напредок или да поздравуваат ново донесени закони, но додека судиите функционираат под принуда и страв од извршната власт дека може да бидат казнети доколку се непослушни, односно додека извршната власт работи на мафијашки принцип, реален напредок нема да има.

Во моментот со најавеното т.н. “прочистување”, судот е под досега невиден притисок и страв и веројатно не постои судија кој воопшто размислува да се спротивстави на власта која отворено од една страна најавува проверка на решените предмети на секој судија, која проверка ќе ја прави таа власт преку субјективна проценка на претставници избрани од неа, а од друга страна испраќа емисари да пренесат пораки до обвинителството и судот за тоа како како треба да одлучат за еден или друг предмет од оние кои им се важни и во фокусот на вниманието.

Покрај личната злоба, мотивите за овој политички прогон се водени од елиминирање на секој политички неистомисленик од кого власта која функционира на мафијашки принцип би можела да биде загрозена на еден или друг начин. Секако свесно ќе прават по некој исклучок за да имаат аргумент за дискусија, но принципот е тој. Доминантна е и потребата на власта за лажно претставување на наводна борба против криминалот пред јавноста и пред ЕУ додека во позадина криминалот непречено функционира без застој и во полн капацитет, а судско обвинителските органи не смеат да помислат да делуваат против главните актери на власта. Напротив ако веќе има од некого иницијатива, по кратка постапка ги прогласуваат за невини како што беше случајот “Поткуп” документиран со видео снимка креирана со судска наредба во кој Заев отворено и недвосмислено бараше мито од струмички стопанственик и раскажуваше од кого се друг во Струмица издејствувал поткуп. Уште подоминантна е секако потребата економската инфериорност на власта и преземените обврските за отстапување и распродажба на националните интереси, дел завршени а дел во план, да се одвиваат во атмосфера на страв од одмазда кај секој кој би се спротиставил и со свртено внимание кон политичкиот прогон и фабрикуваните судски случаи кои да не беше политичкиот притисок немаше ни да влезат во судска постапка. Секако истите еден ден ќе завршат со фијаско независно дали пред домашните или меѓународните судови, но во меѓувреме власта со помош на контролираните доминантен број на медиуми ќе успева да го оттргнува вниманието од огромните злодела кои ги прави на народот и нацијата. И секако многу невини луѓе ќе страдаат во меѓувреме за што еден ден сигурен сум дека ќе има одговорност за сторителите. Некаде со втерување страв, закани, уцени и заплашувања, некаде со поткуп но принципот е ист насекаде независно дали станува збор за работата на институциите на прогонот, медиумите, изборите или што и да е.”

https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10158795201732716

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Апасиев ги провоцира пленумците со евтиното собраниско кафе
Следна објава `Петар Георгиевски Камиказа го разоткри својот имењак чие презиме почнува на "Ш": „Tајниот“ спонзор кој даде средства за настапот на Дино Мерлин сме ние граѓаните
Може да Ве интересира:
Партиски активисти на СДСМ носат пакетчиња за првачињата во училиштата во Кратово
Македонија

Партиски активисти на СДСМ носат пакетчиња за првачињата во училиштата во Кратово

септември 4th, 2022 474
Образование е ова или карневал? Дали власта намерно ја уништува оваа држава?
Македонија

Образование е ова или карневал? Дали власта намерно ја уништува оваа држава?

септември 4th, 2022 429
Јован Андоновски: Дали знаете дека судиите и обвинителите не одговараат за своите постапки?
Македонија

Јован Андоновски: Дали знаете дека судиите и обвинителите не одговараат за своите постапки?

август 26th, 2022 903
Проф. Виолета Ачкоска: Време е за обединување на сите сили за одбрана на националното достоинство
Македонија

Проф. Виолета Ачкоска: Време е за обединување на сите сили за одбрана на националното достоинство

август 16th, 2022 486
Митко Чавков се обрати кон Рускоска: Вилма е заплеткана во мрежа која дел и самата ја создаваше
Македонија

Митко Чавков се обрати кон Рускоска: Вилма е заплеткана во мрежа која дел и самата ја создаваше

август 4th, 2022 1078
Војводи- Тетово: Ако нас не теретат како хулигани, тогаш тие кај Мавровка со пиштоли се терористи!
Македонија

Војводи- Тетово: Ако нас не теретат како хулигани, тогаш тие кај Мавровка со пиштоли се терористи!

јули 22nd, 2022 538
Јоци кон Таче и Оливер: ...Применуваш сила и паѓа крв, си ,,играш" притоа играчки со разни ,,фантоми" и ,,молотови" - скроз си ја откачил спиралата на безредие!
Македонија

Јоци кон Таче и Оливер: ...Применуваш сила и паѓа крв, си ,,играш" притоа играчки со разни ,,фантоми" и ,,молотови" - скроз си ја откачил спиралата на безредие!

јули 6th, 2022 870
Ковачки: Најголемиот проблем е што никој не го видел Протоколот што ќе го потпише Бујар
Македонија

Ковачки: Најголемиот проблем е што никој не го видел Протоколот што ќе го потпише Бујар

јули 5th, 2022 596
За Шарената во патриотско руво
Македонија

За Шарената во патриотско руво

јули 5th, 2022 784
Жена на денот
Гламур како инспирација за секојдневието

Гламур како инспирација за секојдневието

2803
Маж на денот
Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

2218
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1496
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201918
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201818
Комплексот на страв на претседателот од сопствениот народ
Матна Брегалница

Комплексот на страв на претседателот од сопствениот народ

Јул 6th, 202217
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.