Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска исправено, гордо, молчешкум… оддаде почит пред Споменикот на идеологот на Македонското револуционерно движење Гоце Делчев.
“Во жртвата нема степен, таа завршува со чест и со име” велеше великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев.
Неговото дело, е аманет и наш завет. А Македонија е жива се додека неговата идеја е наша кауза. Тој се бореше за слобода на Македонија, денес нашата борба е за правда во Македонија. Неговата пркост и нашата почит кон таа визија и саможртва е жива и денес. Да го оствариме сонот за Македонија!А тој велеше “ќе дојде миг и ќе удри утринската зора и за нас, за Македонија.”
4 Мај, 116 години од смртта на Гоце Делчев.
Слава му!
-напиша по овој повод Христијан Мицкоски на фејсбук.



