• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Христијан Мицкоски: Помина времето за извинување, редно време е одговорност да понесе некој во оваа држава

јули 9th, 2019 Македонија, Политика коментари 677

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Христијан Мицкоски: Помина времето за извинување, редно време е одговорност да понесе некој во оваа држава

Интегрален текст од изјава за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Денеска сме овдека на еден навистина прекрасен момент  кога се гледа како се вложува во иднината и развојот на една општина.

Градоначалникот на општина Петровец е пример кој што треба да го следат и сите  оние други неуспешни градоначалници кои што се во Република Македонија се разбира. Денеска жителите на овие населени места во општина Петровец добија навистина пристојни услови за функционирање, услови коишто се навистина идеални, се разбира идеалното колку што може да се биде во денешно време во Република Македонија.

Средствата кои што се обезбедени како што кажа и градоначалникот, се обезбедени од ИП фондовите и истите се наменски искористени за овие проекти на кои што денеска присуствуваме.

Јас би посакал и во иднина на истите оние градоначалници кои што денеска гледаме како му слугуваат на деспотот Заев да го следат овој пример и конечно наместо мудрување и правење работи кои што навистина повеќе личат на реално шоу отколку на вистинско работење на градоначалник, да го следат примерот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и така да продолжат да работат, да инвестираат во развојот на нивните општини, а на тој начин ќе инвестираат и во развојот на Република Македонија.

Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање новинар: Како ја коментирате последната аудио снимка на премиерот Заев и руските комичари? Се извини на денеска на прес конференција, ваш коментар?

Одговор: Мислам дека единственото извинување што требаше господинот Заев денеска да го каже во неговата прес конференција требаше да биде содржано во две реченици, се срамам од тоа што го направив и веднаш ја напуштам функцијата претседател на Владата на Република Македонија, предлагам парламентарното мнозинство во најскоро време да се состане, да се формира техничка влада и во рамките на 100 дена од овој ден да се одржат предвремени парламентарни избори. Само тогаш ќе го видевме вистинското лице, она лице кое што треба човек после еден ваков скандал примитивен би рекол, да го направи ако сака да биде почитуван од сопствените граѓани. Ова само дополнително ќе ја зголеми неговата лична агонија, неговата лична фустрација, но и фустрацијата на граѓаните. За мене е катастрофално да се слушне ова што се слушна бидејќи како што успеав да разберам патувајќи до овде, тој не ја негираше оваа снимка, туку напротив ја потврди нејзината автентичност и практично потврди низа работи кои што граѓаните во Македонија, но и во Европа можеа да ги слушнат , меѓу кои согласноста за поткуп на верскиот лидер, на стотици милиони православни христијани во Светот, а тоа е Патријархот Вартоломеј. После таков скандал единственото извинување требаше да биде оставка веднаш и распишување на предвремени парламентарни избори. Сето останато е лицимерие и ќе повторам ја продолжува личната фустрација и агонијата на граѓаните. На Македонија и треба влада и требаат луѓе кои што на брза трака ќе ја стават државата и први ќе го завршат маратонот наречен полноправно членство на Република Македонија во рамките на Европската унија.

Прашање новинар:Дали вие како ВМРО-ДПМНЕ повторно би го актуелизирале прашањето за предвремени парламентарни избори?

Одговор: Па јас само што го реакуелизирав и  тоа е единствениот спас за Република Македонија. Повторно еве овдека на вашето прашање ќе одговорам, ајде да седнеме веднаш уште денеска да завршиме со сите протоколарности,  да ги собереме пратениците во рамките на парламентот, да одржиме состанок со пратеничките групи, секој претседател на политичка партија одделно, да договориме техничка влада и да одиме на предвремени избори. Ова веќе станува неподносливо и за граѓаните, државата ни се празни луѓето се разочарани, луѓето се исфрустрирани, не гледаат перспектива. Јас ја разбирам сета онаа иницијативност која што Зоран Заев и малкумина неколку негови послушници сака да ја покаже наивно извинувајќи се, но мислам дека помина времето за извинување, веќе трета година за сите овие неуспеси ние слушаме извинувања, редно време е одговорност. Редно време е одговорност да понесе некој во оваа држава.

Слушавме што правел  Рашковски, не сме го разбрале, тепаше овој градоначалник не сме го разбрале, оној градоначалник шверцуваше, не бил сфатен помилуван беше, претходно овој нарачуваше полче, не било дрога, било нешто друго. Кога во оваа држава јавниот обвинител , судството и обвинителството ќе  докажат дека за секој граѓанин ќе има правда. Со овие луѓе нема Европа и нема иднина Република Македонија.  Треба еднаш засекогаш на  сите да ни стане јасно, извинувањето не е доволно. Извинувањето можеше да биде во првите недела две, па еве и во првите 100 дена од мандатот, третата година е денеска и во оваа трета година народот гласачите, без разлика за кого гласале, погледнете што се случува по социјалните мрежи, погледнете ги луѓето по улиците веднат глава, недостоинствено се чувствуваат како граѓани на Република Македонија. Редно време е за оставка, и народот си го бара своето, а тоа е оставка и да завршат овие луѓе со одговорност пред судските органи, обвинителството да се позанимава што премиерот на државата ја доведе државата во подредена положба. Цел свет ни се смее, за што и зборуваме ние за какво извинување зборуваме, светот ни се смее луѓе.

Прашање новинар: Грција веќе доби нов премиер, што тоа значи за вас, дали планирате во најскоро време да седнете со новиот премиер, да поразговарате во однос на Преспанскиот договор со оглед на тоа што и вие и тој најави ревидирање на делови од Преспанскиот договор,а од друга страна е порадикален во изјавите од Ципрас дека не постои ниту македонски народ?

Одговор: Претпоставувам дека што значи новиот премиер за Грција, треба да ги прашате грчките граѓани, бидејќи тие одлучиле да господинот Мицотакис го победи на избори господинот Ципрас и претпоставувам тој се обврзал за време на кампањата за некои ветувања што треба да ги испорача пред граѓаните на нашиот јужен сосед. Така што да видиме времето да помине, па да видиме дали тоа што тој го ветил ќе го испорача пред граѓаните на нашиот јужен сосед. Нашиот став за Преспанскиот договор досега бил кажан едно стотина пати најмалку, од моја страна повеќе од педесетина пати дека тој е капитулантски, дека тој директно задира во националните и идентитетски прашања на македонската посебност, на македонската држава, нити па нешто ќе додадеме повеќе, ниту пак ќе одземеме од тоа што до сега сме го кажале. Така што сето она кое што е во насока на подобрување, сето она кое што е во насока на зголемување на квалитетот и враќање на изгубените позиции кој што овој уценет што го видовме денеска премиер под притисок ги потпиша, ние сме тука да ги репреговараме и да ги повратиме.

Гледаме дека денеска Република Македонија практично губи затоа што си има работа со уценети луѓе, луѓе кои што се манипулирани, и луѓе кои што се под притисок само исклучиво поради две работи првата е да не одат во затвор, затоа што беа еднашка фатени како бараат мито од граѓани под принципот на Мирчо свињарникот. И втората е да го променат законот за јавни набавки и да се богатат на грбот на сиромашните граѓани на Република Македонија.

Дојде време да се стави крај на сите вакви политичари , не само од сега, зборувам и од минатото.

Прашање, новинар: Дали е решено да разговарате со Мицотакис ?

Одговор: Јас сум подготвен со секого да разговарам, и тука нема никаква дилема, ниту пак ќе има дилема. Јас сум на браникот на одбрана на македонските национални интереси и на интересите на македонската држава. И не се повлекувам од таа точка.

Прашање, новинар: Дали во моментот, во новата политичка ситуација во Грција гледате можност доколку дојдете на власт во скоро време ќе можете да издејствувате на Преспанскиот договор, и ќе биде на поголема корист на Македонија?

Одговор: Власта е вулгализирање на процесот на водење на државата, ние не доаѓаме на власт само за да дојдеме на власт. Ние сакаме да победиме на фер, демократски, чесни предвремени парламентарни избори со Програма и конечно да го вратиме сето она кое што е изгубено од страна на ваков тип корумпирани и уценети политичари во Република Македонија. Не може генерации Македонци да губат затоа што имаме водство од страна на уценети и корумпирани политичари.

Прашање новинар: Господине Мицкоски уште едно прашање како ја коментирате втората метла која ја најави Заев, а се уште не гледаме никаков ефект од метлата и смената на директори и високи функционери и слично?

Одговор: Видете еве јас ќе ви дадам одговор што е поврзан со еден вистински настан што ми се случи. Еден пријател ме прашува, добро Христијан ти повеќе се разбираш во политикава, внатре си. Не ми е јасно зошто владиниот врв не беше заедно со вардарци кога ја славеа победата и титулата Европски шампиони. Одговорот е јасен, од една страна го имаме вистинскиот Јанус со две лица, човекот кој што на видео спотови ќе го видите насмеан, како лаже бесрамно и се фали со проектите на претходните Владини раководства и вели дека блескаме, а од друга страна се плаши, се срами, се препелка да излезе со 1о-тиците илјади македонски граѓани да им погледа во очи и да ја слави титулата на Европскиот шампион Вардар. Е тоа е денешната реалност во Република Македонија. Подбоениот лицемерен карактер на корумпирани и уценети политичари. Од една страна се обидуваат од петни жили да го лажат граѓанинот дека блескаме, нудејќи ја метлата, а од друга страна се плашат во очи да им погледаат на луѓето, затоа што знаат дека луѓето тога ќе бидат бескомпромисни.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Шефе шо да твитаме денес?
Следна објава Изложба на Надица Атанасова во Кочани – „ОРГАНИЗАМ СО ВОЛЈА И СТРАСТ ЗА СЕБЕУТВРДУВАЊЕ“
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 720
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 649
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 674
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1328
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 606
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 701
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 372
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 464
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 679
Жена на денот
Тајлин Блонд- модел во светот на убавината од најмала возраст

Тајлин Блонд- модел во светот на убавината од најмала возраст

675
Маж на денот
Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

2970
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1497
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201920
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201919
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201818
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.