Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Христијан Мицкоски оствари средба со граѓани и членови на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево. На средбата Мицкоски говореше за актуелната политичка и економска состојба како и за штетноста на договорот со Грција.
На почетокот Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изнесе краток вовед за карактеристичните случувања и процеси кои им претходеа на денешната состојба пред која се исправени граѓаните на Република Македонија во врска со намерите на актуелната власт од корен да го промени начинот на живот во државата.
Тој истакна дека Делчево е град кој силно ги чувствува последиците од хаосот кој го создава актуелната влада, на економски и политички план.
-Последни сме по реформи последни сме и по економија. Земјоделците, вчера бев во Берово, денес бев во Пехчево, претходно сме биле во струмичко, битолско, прилепско, кичевско, штипско секаде иста песна, нема човек кој што е задоволен, нема човек кој што кажува дека добро направија подобро се живее, тоа што го ветија ништо исполнија, нема загарантиран откуп, нема загарантирана цена, нема зелена нафта. Секаде истата приказна, чемер и јад, вели тој.
Во врска со Преспанскиот договор со кој се менува името, уставот и од корен се поништува идентитетот на Македонскиот народ Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ пред делчевчани истакна:
-Ќе речат го заштитивме јазикот и нацијата. Не е точно. Ниту јазикот го заштитија, ниту нацијата. Еве пред некој ден го слушнавме и Ципрас и Коѕијас и Каменос кој што велат овие се славјани зборат славјански јазки и ние тоа не го признаваме. Од наша страна не забележавме од овие ,,јунациве’’, овие ,,револуционериве’’ не забележавме ниту еден демант дека тоа не е така. Напротив молк, а знаеме добро што значи молчењето. Молчењето значи одобрување, изјави Мицкоски.
Kапитулантскиот договор е документ поради кој Македонија е понижена, документ со кој го губиме името, се менува уставот, се губи идентитет, а евроинтеграции на Македонија можат да бидат блокирани во секој момент . Заев по секоја цена сака да ја задржи својата фотељата, а животот кој што го ветуваа никогаш не дојде,
-констатира Мицкоски.
Во отворената дискусија со присутните граѓани на средбата на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ му беше соопштено дека по слободен избор нивното срце и разум вели дека најдобар начин да се спречи имплементацијата на штетниот Преспански Договор е со БОЈКОТ на претстојниот референдум.