Вака изгледа надојден Вардар, шампионски Вардар. Вардар од Македонија шампион на Европа! Не направија горди во срцето на Европа. Вистинска радост за нашата земја.
Нема запирање и тогаш кога е тешко, и тогаш кога има такви кои велат оваа е тешка задача. Вардар покажа дека се е можно, и дека победите се реалност, со срце, со сила, непокорност и со нескршлива верба во себе.
Честитки за црвено црните на Вардар. Браво ШАМПИОНИ!
-напиша на твитер Претседателот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.