Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на својата прес конференција, упати моќни критики кон Зоран Заев и неговите криминални постапки.
“ Господине Заев, најголемиот дел од граѓаните е за влез во НАТО и ЕУ, но жестоко се противи на капитулантскиот договор што го потпишавте со нашиот јужен сосед. Криминалот и расипништвото не се европски стандарди. Да се делат крвави тендери во здравството тешки десетици милиони евра на фирми кои постојат еден месец не е европска вредност. Да се ангажираат камиони на братот Вице во нетранспарентна процедура не е европска вредност. Да си доделуваат лиценци за бизниси со марихуана или да се отстапува градежно земјиште во Струмица сам на себе или на семејството исто така не е европска вредност. Ваквото криминогено однесување на власта не може да се сокрие со поделбата на народот на проевропски и антиевропски. Европските вредности ќе бидат достигнати само кога политичари како Вас, ќе излезат надвор од политиката и нема да имаат шанса по трет пат да бидат аболицирани.”