Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев заедно со повеќе свои соработници и пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска од градот под Исарот, го честиташе денешниот голем православен христијански празник.
Би сакал на сите верници од православна вероисповед да им го честитам големиот празник Водици да посакам многу пред се здравје, успех, благосостојба за граѓаните на Република Македонија, нормално доколку сакаме да дојде до тоа уште еднаш би апелирал дека е време да излеземе заедно со претседателските и на предвремени парламентарни избори.
Сакам уште еднаш само да го честитам големиот празник и уште еднаш да посакам благосостојба за граѓаните на Република Македонија и пред се бидејќи сме денеска овде во Штип да посакам нели истото и за граѓаните на општина Штип.
-изјави Јанушев за медиумите
Притоа како одговор на новинарско прашање ја реафирмираше партиската заложба за одржување на предвремени парламентарни избори заедно со претстојните претседателски избори, со што ќе може Република Македонија да постигне позитивни ефекти во економијата пред се.
Прашање: Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе бара предвремени парламентарни избори?
Одговор: ВМРО-ДПМНЕ бара парламентарни предвремени избори и не само што бараме туку и инсистираме на истите. Впрочем ако ги видиме изјавите на власта и доколку навистина сакаат да имаме економска година во 2019, единствено што може некој да го овозможи тоа е токму ВМРО-ДПМНЕ и токму затоа инсистираме на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските и тоа што е можно побрзо да се објави, бидејќи доколку до 21 јануари го распуштиме Собранието, тогаш има време да се организираат заедно со претседателските.