Традицијата и фолклорот се нераскинлив дел од современото живеење, а за тоа сведочат најмногу културните уметнички друштва. Вредните уметници од КУД,,Димитар Беровски” од Берово, низ една пријатна атмосфера го одржаа традиционалниот новогодишен концерт, преку кој го претставија годишното работење на ова друштво.
Изведбите и кореографиите на кореографот Методи Скендерски и Староградскиот оркестар, за миг го привлекоа вниманието на присутните и сите уживаа во прекрасниот фолклор.
На концертот настапија групи од КУД,,Димитар Беровски” ,од 6 до 18 години .
Особена чест и задоволство, претставува збогатувањето на овогодинешната пробрама со изведбата на кореографијата на КУД,,Јане Сандански” од Пехчево.



