Сметаме дека нема човек во Македонија кој следи медиуми, особено жолт печат а да не му е познато името Иван Исцелител.
Некако презаситени Македонските граѓани од дневна политика, егзистенцијални и општествени проблеми, можеби немаат многу време да посветат на некои повообичаени работи вредни за нивното внимание.
Во денешно време со огромниот наплив по бројност на информации кога секој корисник на социјалните мрежи е сам за себе медиум, се чини во друштвото на најинтересни поединци со исклучително висог број на следбеници кои секојдневно живеат со статусите на своите “херои”, има место само за најнеконвенционалните и најиновативните.
Помеѓу сите нив името на кумановецот Иван Исцелител некако си го има обезбедено своето место на најсоодветен начин.
Човекот е актуелен постојано, не ретко може да се види негова објава како платена реклама на фејсбук, при што редовно неговите објави се читани од голем број на следбеници за Македонски рамки и пошироко.
Она што може да изненади за разлика од урбаните и руралните легенди што се шират помеѓу граѓаните за Иван Исцелител е што постојано човеков си е доследен во она што го работи.
Особено што изненадува (барем за оние граѓани кои не се постојано во тек со објавите на Иван на социјалните мрежи) е фактот што тој според неговите кажувања досега има спроведено над 4100 хуманитерни акции. И гледајќи го следното видео и фотографии човек едноставно мора да се запраша:
Дали станува збор за мит, легенда, измамник, шоумен или Божји човек? Или се во едно?
Останува секој за себе да си донесе свој заклучок.
Republika SRBIJA Grad ,,VRANJE,, Nedela 25.03.2018 g GOLEMA I OBEMNA HUMANITARNA AKCIJA NA NAJGOLEMIOT HUMANITAREC VO SVETOT ,,IVAN ISCELITEL,, DOSEGA NAD 4.000 HUMANITARNI AKCII GOLEMA BLAGODARNOST DO DIREKTORKATA NA UCILISTETO ,,SVETOZAR MARKOVIC ,, SO NI JA OTSAPI SALATA pic.twitter.com/fB2nMlhpSv
— ivan iscelitel © (@ivaniscelitel) March 26, 2018