Предизборно обраќање на Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип, Иван Јорданов:
Дојде време да го кренеме нашиот глас против “заевизмот” во Македонија.
Недела е денот на кој треба да излеземе на гласачките места и заеднички да го кренеме гласот против злото наречено СДСМ.
Македонскиот народ е измачуван и понижуван низ целата своја историја, но во 21 век да не дозволиме да бидеме дел од нечии црни замисли за уништување на државата.
Во недела да излеземе и да заокружиме за Македонија, за татковината, за право и правда, за паѓање на “заевизмот”…
Недела е денот да покажеме дека Македонија е подготвена жена претседател да ги земе работите во свои раце и иднината на државата да ја постави во вистинската насока.
Правото и правдата се пред портите на нашата држава, ние ќе им дозволиме да влезат!