На претстојните локални избори Демократската Унија за Интеграција ќе го бара гласот на граѓаните на Македонија.
Според Бујар Османи кој што е партиски портпарол на ДУИ неговата партија ќе остане партија која ќе го почитува дадениот збор и ветените проекти, што во суштина ќе значи реализација на политики со кои што ќе го подобруваат квалитетот за живот на граѓаните.
Зелената агенда според која што неодамна ДУИ се ребрендираше подразбира чисти градови без отпад на улиците и населбите, чист воздух и вода за општините како и креирање на одржливи работни места за развој на економијата. Од создавањето на партијата по воениот конфликт во 2001 година, ДУИ е во позиција на власт од 2008 година до 2016 година во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, пред тоа од 2002 до 2006 година а потоа од 2017 до денес 2021 во коалиција со СДСМ што ја прави партија со најголем стаж како власт во државата во последните 20 години откако постои како партија.


