Македонија.
Денеска, синхронизирано во сите 80 општини и градот Скопје, учесниците во изборите го потпишуват Кодексот за фер и демократски избори. Со овој кодекс учесниците во локалните избори се обврзуваат и си ветуваат еден на друг, но и на сите граѓани наа Р.М дека ќе се придржуваат и активно ќе ги промовираат приципите за слободни и фер избори. Учесниците во изборите со потпишувањетона кодексот јасно изразуваат волја да гопочитуваат избирачкото право кое еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање. Почитувани, со потпишувањето на кодексот заедно ќе придонесеме за спроведување на фер и демократски избори според највисоки меѓународни стандарди.