Димчо Атанасовски Џими кој што е кандидат за градоначалник на општина Македонска Каменица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во својата програма со која што ја бара довербата на граѓѓаните на неговата општина го има наведено проектот за поставување на знамето на општина Македонска Каменица насекаде низ општината заедно со знамето на државата и и Македонското национално знаме.
Во контекст на овој проект треба да се спомене дека актуелната градоначалничка Соња Стаменковска од СДСМ која што е и противкандидат на Димчо Атанасовски го избегнуваше користењето на општинското знаме на Македонска Каменица во најразлични пригоди, во изминатите 3 години согласно политиката на Зоран Заев и актуелната власт.



