Од видео-инсертот што кружи на Твитер, не е јасно на кого се однесуваа зборовите на Села. Сепак јасно е дека запрашан од водителиот на емисијата, што за ова ќе каже премиерот Зоран Заев, Села ладно одговори: Нека се чувствува како сака!

Инаку, пред неколку дена Алијанса за Албанците одржа централен митинг на плоштадот Скендербег во Скопје.

Села пред присутните се пофали дека токму тој е заслужено што Талат Џафери денеска е претседател на Собранието на Република Македонија, додавајќи дека по локалните избори албанскиот јазик ќе се употребува на целата територија на државата.

Лидерот на Алијанса за Албанците упати апел за мобилизирање и најави сојуз на албанските општини.