Професорката Тања Каракамишева денеска на фејсбук соопшти дека го добила одговорот од генералниот секретар на Венецијанската комисаја откако јавно на прес конференција беше нападната од Бујар Османи дека додека е таа член на ова важно правно тело нема да го испратат законот за јазиците.
По овој антицивилизациски и анти правен обид за рушење на позицијата на Каракамишева од страна на Османи, Професорката испрати писмо со кое ја извести комисијата за ваквиот чин. Денеска таа доби одговор од таму:
Само што добив информација од генералниот секретар на Венецијанската комисија, г-дин Томас Маркерт, дека согласно правилата на Комисијата владин притисок од каков било вид врз национален претставник НЕ Е ДОЗВОЛЕН и дека писмото е веќе доставено до кабинетот на Османи и на Заев.
Да имавме слободно новинарство јавноста веќе ќе беше информирана. Ама немаме!
Ги повикувам новинарите да го добијат писмото упатено до претседателот и заменик-претседателот на Владата и да ја информираат јавноста за ставот на Комисијата во однос на ваквите недолични испади на политичари врз угледни експерти.