• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Катастрофа за вработените во металуршката индустрија со закана за масовни отпуштања од работа

декември 24th, 2018 Македонија, Политика коментари 711

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Катастрофа за вработените во металуршката индустрија со закана за масовни отпуштања од работа

На денешната прес конференција од партиското седиште Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски ја алармираше јавноста за огромната катастрофа која ја снајде македонската металуршка индустрија со одредувањето на квоти за извоз на челик, железо и производи од нив во земјите на ЕУ, после кои квоти за испорачаните количиниќе се плаќа 26% данок.

Деновиве пред крајот на оваа лоша и црна година за Македонија стигна можеби најлошата вест за македонската економија. Имено Европската Унија воведува т.н. заштитни мерки за увоз на производи од челик, алуминиум и железо со кои е опфатена и Република Македонија. Со истите се воведуваат квоти за извоз на овие производи во ЕУ кои откако ќе бидат исполнети воведува царина од дури 25%. Ова народски кажано значи воведување на санкции кон Македонија и останатите земји кои не се членки на ЕУ во делот на извоз на челик, алуминиум и железо како и производи од истите. Ова е драматичен удар за македонската економија што на виделина ја исфрла целосната неспособност на Владата на Заев, Димитров, Шекеринска и Анѓушев. Имено оваа четворка не направи ама буквално ништо Македонија да биде изземена од овие мерки на ЕУ.


За информација на граѓаните металуршката индустрија е еден од најголемите извозници и на неа се потпира голем дел од бруто домашниот производ како и економскиот раст.  Неколку бројки. Вкупниот извоз кон ЕУ е преку 200 милиони евра годишно и секоја година расте со стапка на раст од 15%. Уделот на овие производи во БДП на Македонија е 1,6% во 2017 година, а очекувано е во 2018 година да биде 1.8% од БДП. При економски удар и стопирање на извозот што е се поизвесен за жал на овие производи, нереализирани ќе останат околу 200 милиони евра во 2019-та година. Тука би сакале да ги коригираме проекциите на Владата кои што велат дека штетата ќе биде околу 100 милиони евра. Штетата ќе биде 200 милиони евра, директна во капацитетите кои произведуваат, како и индиректна во компаниите кои произведуваат како и индиректна во комапниите кои што ги опслужуваат. Се на се во 2019 година може да се очекува колапс на оваа индустрија и околу 5.000 луѓе да останат на улица. Овие 5.000 луѓе ќе бидат или пратени на принуден одмор со намалена плата или целосно ќе ја изгубат својата работа, а фирмите ќе се соочат со проблеми во својата ликвидност, кампањско производство наместо годишно, неспособност да ги враќаат кредитите како и целосно запирање на планираните и идни инвестиции во развој што на среден рок ќе ги направи неконкурентни дури и без постоење на вакви квоти односно санкции. На тоа се додава и проблемот во делот на производство на цевки каде годишниот извоз на Република Македонија е 180.000 тони, а максимално дозволената квота е 110.000 тони, што ќе биде директна загуба од 45 милиони евра во оваа индустрија. Ако на ова се додадат истрагите на ЕУ за продажба по т.н. дампинг цени, тогаш штетата во делот на производството на цевки може да е уште поголема.

-соопшти Николоски по што направи практична илустрација за тоа што ова би значело за Македонската економија:

.Да го преставиме сето ова илустративно – штета од 200 милиони евра е годишна бруто плата за околу 29.000 работници! Значи штетата која што ќе се случи следната година е во вредност од годишни плати на 29.000 работници во Република Македонија.

Потоа потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ предложи план за кризен менаџмент за надминување на ваквата погубна состојба која се надвиснува над Македонската економија:

Итно ја повикуваме Владата да преземе неколку мерки:

-Прво, да формира кризен штаб со претставници на Владата и компаниите кои се најзасегнати. Проблемот да се решава на највисоко ниво, а недозволиво е да се решава на ниво на Вице Премиер за евроинтеграции, потребно е целата Влада да се вклучи во решавање на проблемот.

-Второ, да воведе даночни олеснувања за овие компании.

-Трето, да воведе олеснувања во делот на придонесите за здравствено, пензиско и персонален данок за работниците од овие индустрии како не би ги изгубиле своите работни места.

-Четврто, премиерот лично да тргне од главен град до главен град на земјите членки на ЕУ да се среќава со сите што ќе го примат и да моли овие квоти да не важат за Македонија. Во земјата да се врати само кога ќе ја заврши работата.

Исто така сите кадровски и стручни потенцијали на ВМРО-ДПМНЕ стојат на располагање и ги нудиме како такви да и помогнеме на владата.

Петто, да формирање на тело составена од претставници на владата и најзегнатите компании кои што активно и итно ќе почнат да бараат нови пазари за овие производи како загубата би била што помала.

Кризата е пресериозна, неспособноста на Заев, Шекеринска, Димитров и Анѓушев преголема, што е причина плус да заминат ден поскоро како не би настапило целосно црнило не настапило во македонската економија.

-го заврши своето обраќање Александар Николоски.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Прогласени најдобрите гимнастичари за 2018 во Македонија
Следна објава И во Делчево своја кино проекција ќе има македонскиот кандидат за оскар- филмот "Исцелител"
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 361
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 340
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 359
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 977
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 354
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 395
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 165
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 244
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 327
Жена на денот
Кејт Аптон-модел и актерка со убавина која извира од душата

Кејт Аптон-модел и актерка со убавина која извира од душата

409
Маж на денот
Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

1071
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Неделни топ 5 на Брегалнички
Зад физиката на виножитото се кријат интересни факти. Погледнете кои
Магазин

Зад физиката на виножитото се кријат интересни факти. Погледнете кои

Јун 4th, 2019 2784
Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани
Регион

Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани

Окт 23rd, 202229
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!
Македонија

Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!

Авг 6th, 202117
Сонцето од Кутлеш со зборот Македонија изгравирани на црковна камбана во 1834 година
Македонска бесмртност

Сонцето од Кутлеш со зборот Македонија изгравирани на црковна камбана во 1834 година

Јул 9th, 202217
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.