Кокино веќе прераснува во значајно место на културни збиднувања во духот на општественото значење што го имал овој локалитет пред многу векови. Мегалитската опсерваторија Кокино оваа година во рамки на одбележувањето на 30 годишнината од независноста на Македонија, ќе биде домаќин на Третото издание на мултимедијалната културна манифестација КОКИНО – Тврдина на сонцето и тоа прв пат со тридневна програма до 10 до 12 септември.
“Концерти, едукативни работилници, видео инсталации, предавања, туристички прошетки, дебати, изложби, театар – сѐ од КОКИНО: Тврдина на Сонцето. Во сите сегменти на настанот, секое ќоше ќе говори за сопствената историја, за уметноста инспирирана од вековите пред и по настанувањето на Кокино, до денес. Мноштво активности и перформанси кои во подножјето на Кокино, долж обележаната патека/рута и во просторот на самата опсерваторија ќе ни ги претстават стотина различни автори од полето на литературата, уметноста и културата, во величествен тридневен спој на различните уметнички правци од македонското творештво.ВАЖНО!
Присуството на настанот е бесплатно, но поради специфичноста на локацијата настанот ќе биде организиран со строго ограничен капацитет и регулиран пристап до локацијата со возила поради што ќе биде организиран автобуски превоз и посебен паркинг за автомобили. Билетите за автобускиот превоз ќе чинат 50 денари (дневен билет во двата правци за едно лице), а иста цена, 50 денари ќе чини и пропусницата за пристап со сопствен автомобил до организираниот паркинг-простор (еднодневна пропусница за едно возило).Деталите за програмата и за продажбата на дневните превоз-билети ќе бидат објавени наскоро.Фестивалот ќе биде организиран во согласност со актуелните заштитни мерки и Протоколот за организирање на јавни настани.Проектот „Кокино – Тврдина на Сонцето“ оваа година се одржува со поддршка на Владата, а во рамки на јубилејот 30 години Независност.”
-соопштуваат од организацијата на настанот.
На овој мега-културен настан ќе настапат голем број на домашни уметници:



