• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион

Миле Петков: Ја барам поддршката на жителите на Виница да креираме општина- пример за локален економски развој

септември 4th, 2021 Регион коментари 485

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Миле Петков: Ја барам поддршката на жителите на Виница да креираме општина- пример за локален економски развој

Ја барам поддршката од сите вас, граѓани на општина Виница, што сакате да делуваме различно од досега. Ве повикувам заеднички да започнеме да ги менуваме работите. Со моето долгогодишно професионално искуство се чувствувам подготвен за една од најодговорните работни задачи, да се ставам во функција на служење на вас, граѓаните, истакнува Миле Петков, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција:

“Изминативе четири години сведоци сме на континуирано пропаѓање на нашата општина во сите сегменти на живеењето. Виница го изгуби сјајот и не го искористи потенцијалот да биде место во кое граѓаните ќе сакаат да останат да живеат, наместо да се иселуваат. Ја барам вашата поддршка заеднички да се избориме овој тренд да престане и да креираме општина која ќе биде пример за локален економски развој.

Наспроти големите ветувања и проекти за подобар живот кои им беа ветени пред четири години и од кои не видовме речиси никаква реализација, граѓаните на општина Виница од оваа локална власт добија само големи разочарувања.

Во соработка со вас граѓаните, користејќи ги вашите идеи и сугестии изготвивме програма со конкретни проекти во кои секој од вас може да се пронајде. Ние презентираме програма со приоритети и точно утврдени рокови. Од вас бараме поддршка и доверба за да ја реализираме нашата програма.

Заедно со мојот тим работевме на реално остварливи проекти и имаме јасна визија за тоа што сакаме да постигнеме во нашиот мандат. Нашите проекции се базираат на знаење и експертиза, на желба и реална основа.

Како градоначалник во наредните четири години ќе работам неуморно, за Виница да биде убаво и посакувано место за живеење, општина на среќни и задоволни граѓани, општина без корупција, економски моќна, уредена и чиста, вистински сервис на граѓаните, општина со која сите ние ќе се гордееме.

Решавањето на инфрастуктурните проблеми на граѓаните ќе биде мој приоритет.

Ќе ги  донесеме сите урбанистички планови за градот и населените места  што е основа за идниот развој на општината.

Ќе изградиме водоводна и канализациона мрежа онаму каде што сеуште нема.

Ќе ја подобриме сообраќајната инфраструктура во градот и населените места.

Ќе ја подигнеме хигиената во градот на повисоко ниво.

Ќе инвестираме во културата, спортот и образованието.

Ќе створиме поволни услови за домашните и странските инвеститори да инвестираат во нашата општина.

Во нашата програма предвидуваме:

  • Изградба на нова индустриска зона за мало стопанство.
  • Изградба на нова автобуска станица во Виница.
  • Изградба на булевар на влезот во Виница.
  • Оформување на нова зона за семејни куќи по почетна цена од 1 евро/м2.
  • Поврзување на градската канализација и канализацијата во селата Истибања, Јакимово, Градец и Лески на пречистителна станица за отпадни води.
  • Изградба на туристичка и викенд населба на планината Плачковица.
  • Конечна реализација на проектот затворен градски пазар.
  • Уредување на речните корита на Виничка и Градечка река.
  • Промоција на проектот за изградба на Спа комплекс во место викано Топлички рид во близина на с.Истибања.
  • Набавка на современо противпожарно возило и опрема за ТППЕ Виница.
  • И голем број на други проекти кои се сотавен дел на нашата програма.

Време е Виница да одбере реални проекти наместо празни ветувања, способни и исполнителни личности наместо оние кои ги ставаат личните интереси пред вашите. Јас и мојот тим се обврзуваме дека нема да потпаднеме под било какви притисоци и нема да се откажеме од нашата визија за подобра и просперитетна Виница.

Заедно со вас ќе створиме подобри услови за работа и живот на сите затоа што Општина Виница е за сите луѓе.”

-соопшти Миле Петков на прес конференцијата од партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

Целата прес конференција може да ја погледнете во видеото во продолжение:

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Николчо Стојменовски за Република.мк: Мандатот ќе го посветам на решавање на проблемот со водоснабдувањето во општина Делчево и многу други проекти
Следна објава Кокино-Тврдина на сонцето- мега културен настан вреден за сечие време и внимание
Може да Ве интересира:
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Институции

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

април 1st, 2023 415
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Институции

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

ноември 23rd, 2022 608
Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022
Институции

Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022

ноември 23rd, 2022 565
Кој и зошто им ја секнува водата  во домовите на жителите на с. Град, делчевско?
Институции

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

ноември 22nd, 2022 657
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Институции

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

ноември 21st, 2022 572
Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата
Институции

Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

ноември 21st, 2022 465
Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево
Граѓани

Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево

ноември 19th, 2022 1478
Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!
Граѓани

Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!

ноември 17th, 2022 401
Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Институции

Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ноември 17th, 2022 632
Жена на денот
Ова е Дева Касел- ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел. Дали со убавина ги надминува своите родители?

Ова е Дева Касел- ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел. Дали со убавина ги надминува своите родители?

1601
Маж на денот
Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

1948
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори
Македонија

Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори

Сеп 26th, 201821
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202119
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години
Регион

Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.