Изминатата вечер околу 02 часот по полноќ пред пекара во Кичево бил нападнат 19 годишниот Б.М. член на Навивачката Група Чкембари, од 6, повозрасни неидентификувани лица кои иако биле побројни, во тепачката користеле нож.
Кај нападнатиот Б.М. иако била погодена со ножот тетива, крварењето е запрено и младото момче се чуствува здравствено добро, но психички според очевидци е “запрепастено и безнадежно без заштита од институциите на СОПСТВЕНАТА држава…”
Причина за нападот според очевидци била наводно маицата која ја носел со симболи и натпис “МАКЕДОНИЈА”. Исто така според изјава на дел од познаниците на нападнатиот Б.М. причината за нападот би можела да се крие и во неговото присуство на Гумење на прославата на Илинден.
Според изјава на присутен од страна на полицијата не бил направен никаков записник, (што значи од формално-правен аспект настанот воопшто не постои) ниту пак излегла екипа на МВР на лице место.
Извор: Фејсбук