• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Магазин

Лесновски манастир- Пробиштип

октомври 4th, 2017 Магазин, Регион коментари 2680

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Свети Гаврил Лесновски или Лесновски манастир — манастир во с. Лесново, Пробиштипско. Главната црква е посветена на Светите Архангели Михаил и Гаврил. Постои мислење дека манастирот бил изграден кога св. Гаврил Лесновски се замонашил или пак по неговата смрт, кога се развил култот за подвижничкиот живот (како што е наведено во краткото негово житие од 1330 година). Времето во кое живеел Гаврил Лесновски не е прецизно утврдено. Постои мислење дека тоа треба да се бара во 11 век, а оттаму заклучокот дека манастирот бил изграден во втората половина на 11 век, кога во крајот северно од Брегалница бил развиен силно култот за пустожителите, меѓу кои и за светиот отец Гаврил.

Легенда

Настанувањето на манастирот се поврзува со животот на пустиникот Гаврил Лесновски. За св. Гаврил постојат повеќе житија (хагеографии). Првото е сосема кратко и е напишано околу 1330 година. Во опширното житие на пустиножителот од 1868 година стои дека за време на неговиот живот, манастирот постоел и во него тој се замонашил.

Според едно од житијата во средината на XI век во с. Лесново живееле четворицата големи испосници, светители — Јован Рилски, Прохор Пчински, Јоаким Осоговски и Гаврил Лесновски. Четворицата светители или како народот ги именува четворицата духовни браќа скоро 30 години живееле во пост, молитва и строг послужителски живот во пештера во тогашната многу густо пошумена лесновска гора во близина на селото Лесново. Откако оствариле духовна зрелост кај секој од нив се појавила потреба од поединечно продолжување на сопствената духовна мисија. Заминале на четири различни страни и изградиле манастири, при што Гаврил Лесновски останал во с. Лесново и го подигнал (основал) Лесновскиот манастир.

Историја

За првпат во пишани споменици се спомнува во 1330, кога книжевникот Станислав препишал во манастирот пролог, каде го сместил и краткото житие на Гаврил Лесновски. Денес ракописот се чува во Белград. Во 1341 година деспотот Јован Оливер го обновил, а по неколку години бил проширен со вториот дел. На црковниот собир во Скопје, 1347 година од страна на Стефан Душан бил назначен овој манастир за седиште на новоформираната Злетовска епископија, што ја заменила Мородвиската. Веројатно и тоа било причина манастирот да биде проширен.

Во 1381 година повторно бил приложен на манастирот Хилендар. Во 1558 година, при игуменот Неофит, манастирот бил поправен, а во 1581 при игуменот Спиридон, го препокрил кратовскиот болјарин Никола Бојчиќ. Благодарение на жителите на Кратовско и кривопаланечко, манастирот успеал да дотрае низ целиот среден век, па се до денес, зошто од нив бил неколу пати поправан. При крајот на 17 век запустел, но во 1805 го обновил еромохајот Теодосиј. Во 1814, од една белешка гледаме дека тој бил игумен на манастирот. Овој манастир е еден од побогатите книжевни центри во Македонија. Низ повеќе институции надвор од Македонија се чуваат ракописи што се пишувани во него или потекнуваат од неговата богата библиотека. Познати се збирките во: Белград, Софија, Пловдив.

Досега славистиката идентификува значителен број ракописи од овој манастир, од кои позначајни се: Прологот од 1330 година, Минејот од 1342 година, Паранејсот од 1353 година итн. Голем е и бројот на книжевниците што во манастирот ја вршеле својата книжевна дејност. На прв план тоа е Станислав – првиот книжевник од Лесновскиот книжевен центар и оснивач на калиграфската школа; Партенија, негов ученик, псевдонимниот книжевник Тахота, Калиник, Драјко, Радоња, Силвестер, поп Лазар од Кратово, поп Никола итн. Неговото прераснување во книжевен центар се поврзува со фактот што поседувал економски богат статус. Под негова прбижна потчинетост биле многу цркви и манастири, како и села. Да се спомене дека истиот бил и засолниште за голем број револуционери и ослободителни групи, што се бореле за национална слобода на Македонскиот народ

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Ацо Шопов
Следна објава Лабина Митевска до Заев: Вие сте предводник на еден режим во раѓање
Може да Ве интересира:
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Институции

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

април 1st, 2023 415
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Институции

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

ноември 23rd, 2022 607
Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022
Институции

Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022

ноември 23rd, 2022 565
Кој и зошто им ја секнува водата  во домовите на жителите на с. Град, делчевско?
Институции

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

ноември 22nd, 2022 657
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Институции

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

ноември 21st, 2022 572
Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата
Институции

Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

ноември 21st, 2022 465
Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево
Граѓани

Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево

ноември 19th, 2022 1478
Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!
Граѓани

Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!

ноември 17th, 2022 401
Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Институции

Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ноември 17th, 2022 632
Жена на денот
Елизабет Камбаж- несовладлив ѕид во австралиската кошарка

Елизабет Камбаж- несовладлив ѕид во австралиската кошарка

1144
Маж на денот
Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

2136
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори
Македонија

Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори

Сеп 26th, 201822
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години
Регион

Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202119
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.