Онака како што беше ветено пред граѓаните, Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски интензивно работи на реализација на сите зацртани проекти и активности според предвидената динамика.
Денеска градоначалникот Атанасовски во јавноста пренесе една убава вест која е од интерес на сите граѓани. Станува збор за набавка на нова опрема за припадниците на ТППЕ Македонска Каменица со која што значително ќе се подобри ефикасноста и безбедноста на вработените во ТППЕ.
“ГИ ПОДОБРУВАМЕ УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА НА ТППЕ МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
Ветивме дека ќе ги подобриме условите за работа во сите локални институции и претпријатија и цврсто чекориме по тој пат. За потребите на Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица набавивме нова опрема која беше неопходна за гаснење пожари во урбани и шумски средини.
Новата опрема се состои од: професионални ПП црева, грбни батериски прскалки, стабилни спојки, редуцир спојки, млазница без вентил, млазница со вентил, турбо млазница, грбни пумпи, хидрантски продолжеток со клуч,, хидрантски клуч за црева, полнење и сервис на ПП апарати, рачни светилки, светилки со ластик за глава и моторна пила.
Инвестициите во модернизацијата на ТППЕ ќе продолжат и во иднина, а веќе работиме на подобрување на условите и во ЈОУДГ Бамби, во ЈП Камена Река, вл ООУ “Св.Кирил и Методиј”, во СОУ “Миле Јаневски Џингар” и во КИЦ “Романса”.
Продолжуваме одговорно!
-соопшти Димче Атанасовски- Градоначалник на општина Македонска Каменица.