Откако се прошири вознемирувачката вест по медиумите дека јахтата на која се наоѓал Наум Петревски исчезнала во невремето кое го зафати Австралијанскиот океан, поточно Port Hacking во Сиднеј, додека тој со своите пријатели бил на риболов.
Еден од пријателите бил и Стив од групата ‘Куку Леле’.
Ексклузивно за ВЕЧЕР, Зуица Лазова, сопругата на Наум откри дека се е во ред со пејачот и потенцираше дека екипа веќе ги пронашла и се на пат за назад.
– “Во ред се, сега ги слушав, се враќаат”, накусо, но вознемирено прокоментирала пејачката.